Формирана нова Партија на Македонците во Србија

На 17.01.2016 година во Белград Република Србија во хотел Москва се одржа Оснивачко собрание за формирање на новата партија на Македонците во Србија. За претседател на партијата е избран Горан Илијевски. За потпретседатели се избарни: Ана Синицки, Даниела Цветановиќ и Славе Груевски. За секретар е избарана Биљана Милошевски. Бевме принудени да формираме партија на македонци една нова снага, затоа што до сега македонскиот етикум не беше застапен во извршните органи на власта во Република Србија, изјави претседателот на новоформираната партија.  Со тоа на претстојните избори во Република Србија во месец април оваа годинана новоформираната Партија на Македонците во Србија ќе и даде можност да се вклучи во трката, а со тоа и да добие свои претставници на различни нивоа во власта.



www.ilinden-tirana.com