Пакетчиња за децата што ги посетуваат курсевите по македонски јазик во село Требиште, Голо Брдо

Позната е целта на Македонско друштво “Илинден”-Tирана и Македонско друштво “Илинден”-Tирана огранок Голо Брдо кои се залагаат за зачувањето на македонскиот јазик македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо. Во знак на таквата цел Македонско друштво “Илинден”-Tирана и Македонско друштво “Илинден”-Tирана огранок Голо Брдо на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште им подарија пакечиња за новогодишните празници. Ваквата акција е во насока на одбележување на највеселите празници во годината, кои за децата имаат особено значење. Значајно е да се напомене за јавноста дека курсот го посетуваат деца од 7 до 14 годишна возраст. Предавањата, два пати седмично, ги држи Спиро Марку учител од село Врница во областа Голо Брдо во Албанија.


 

 

 

www.ilinden-tirana.com