Ученици Македонци по потекло од Голо Брдо образованието го продолжуваат во Охрид, Македонија

Ученици, етнички Македонци со завршено основно образование, а кои се по потекло од Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во Охрид, Република Македонија. Некои тука продолжуваат и на факултет а други се запишуваат во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. Оваа училишна година, средношколците Бриланд Кадриу, Микел Уручи, Хајдар Ценај, Ерлинд Тафај и Леонард Алуши ја посетуваат наставата во економското, медицинското и во угостителското училиште. Велат дека се многу задоволни од учењето и од однесувањето на професорите. Учениците ги посети претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај кој разговараше за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид. И во ова пригода ја нагласивме заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во Република Македонија за да се образуваат во матичната држава – вели Ули Халилај.


 

www.ilinden-tirana.com