Соопштение: Лошата состојбата во село Врбник, Билишта
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја изразува својата загриженост за положбата на Македонците во единствено егејското село во Република Албанија, Врбник отворено ја повикуваме Владата и општина Девол итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така сметаме дека досегашното однесување кон селото Врбник и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку е инвестирано во село Врбник населена со македонско население. Патната инфраструктура е во лоша состојба и срамно е во 21. век да нема асфалтиран пат од Билишта до село Врбник. Тоа е главната причина за слабиот економски развој на село Врбник. На овој начин, македонското население се иселува од село Врбник поради лошата состојба. Друг посебен проблем немаме водовод и канализација среќа што повеќето имаме бунари а некои на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита нема здраствен дома. Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во селото после 25 години демократски развој селото уште нема здраствен дом. Дополнителен проблем за македонслкото малцинство во Албанија е фактот што децата неможат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во село Врбник, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бараат од владата и општината да преземе соодветни мерки да се подобри ситуацијата.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
www.ilinden-tirana.com