News

Македонско друштво “Илинден”Тирана ви го честита Велигден

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо, ви честита Воскресението Христово – Велигден. Нека е честит празникот и за многу години.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со директорот на „Танец“

 

 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 07.04.2017 година во Скопје, Република Македонија оствари средба со г-дин Зоран Џорлев директор на Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“, присутни беа и г-дин Горан Десовски проект менаџер во асамблот како и г-дин Миле Здравковски организатро во асамблот. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Зоран Џорлев за активностите на друштвото и му подари разгледници со народни носи на Македонците во Албанија. Директорот Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ подари мал фонд со ЦД со Македонски песни за Македонците во Албанија. На средбата се нагласи потребата за соработка меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ како национален асамбал што ги преставува сите македонци.

 

 

www.ilinden-tirana.com


Македонско друштво “Илинден”-Тирана со длабока тага ја прими веста за смртта на Елвир Пупулеку

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо со длабока тага ја прими веста за смртта на Елвир Пупулеку. На 18 години почина од кратко боледување Елвир Пупулеку од Требиште, Голо Брдо. Учесник на Летен камп – 2014, 2016 во Охрид, Македонија. Заминувањето на Елвир Пупулеку е голема загуба како за неговото семејство, така и за сите соселани и пошироко. Голо Брдо загуби едно прекрасно момче. Во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо изразуваме најискрено сочувство кон семејството, блиските и пријателите на Елвир Пупулеку.

 

 

Претседателот на МКД “Илинден“-Тирана учестуваше на Меѓународната Конфернеција во Берлин

 

 

Во Берлин, Соузна Република Германија од 27-30 мај 2015 година во Рускиот дома за култура во Берлина се одржа XXIII Меѓународна Конфернеција на тема “Вредности и интереси во Промена на Светот: христијански пристап” организриано од Меѓународната фондација за единство на православните христијански нации со седиште во Москва Руска Федерација. На Конференција учестува од 20 земји покрај другите во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.Претседателот Никола Ѓурѓај се претстави со подготвен материјал во врска со православното население во Албанија пред Конференцијата. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на Меѓународната фондација за единство на православните христијански нации. Одделни средби имаше со Лео Ван Доесбург Директор за европски прашања во Европска Кристијан политичко движење со седиште во Холандија, со Силвиу Феодор претседател на Руска заедница во Румaнија, со Мирон Игнат пратеник во Руманскиот парламент, Цорнелиу Фурцулита пратеник во Молдавскиот парламент и Гази Хананиа советник на преседателот на Палестина Махмоуд Абас.


www.ilinden-tirana.com

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со задоволство обавува весникот “Илинден“ и онлајн верзија

 

 

Основните задачи на Македонско друштво “Илинден“-Тирана се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана со задоволство обавува дека весникот Илинден освен печатна верзија сега може да се следи и на www.vesnik-ilinden.com . На тој начин нашиот весник го правиме достапен за сите Македонци во Република Албанија и ширум светот, како и за целокупната јавност. Вашите сугестии, критики и пофалби се добродојдени.

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана,со кампања Горе главата “Изјасни се дека си Македонец“

Главата Горе

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонците во Албанија да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет

 

Kokën Lartë

Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë i bën thirje të gjithë maqedonasve në Shqipëri të deklarojnë se janë maqedonas dhe të ruajnë idenditetin maqedonas

 

Head Up

Macedonian association “Ilinden”-Tirana calls for all Macedonians to declare themselves as Macedonians in order to keep thier indentity, language and tradition

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на Месила Дода

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонска изјавата на Месила Дода пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во Албанскиот парламент, која во посета на Пешкопеја се закани со војна во Македонија. Антимакедонски повици се не нецивилизиран повици и немат место на територијата на Европа. Ние мораме да работиме и да имаме храброст да изградиме искрени и пријателски односи меѓу Македонија и Албанија. Балканот мора да се одели од омразата и ксенофобија меѓу народите.


Македонско друштво ”Илинден”-Тирана

Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана на семинар со тема “Технологија облак им помага на општеството”

Локалната канцелариа на Микрософт за Албанија на 07.03.2017 година во просторите на невладината “Офичина”. Мајкрософт организира семинар со тема “Технологија облак им помага на општеството”. Присутни на семинарот беа преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана како и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Или Халилај. Локалната канцелариа на Микрософт за Албанија ќе им овозможи на невладиниот сектор да ги подобри своите вештини во користење на ИКТ преку интерактивни програми, но исто така да научат повеќе за користењето на можностите кои ги нуди Микрософт со помошта на платформата TechSoup Balkans.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Среќен 7-8 ми Март

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7-8 ми Март


 

 

 

Соопштение за медиумите:

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци преставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ напиша за ФИРОМ за  Републка Македонија . Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.


Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонскo друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо                                                                       Претседателот г-дин Или Халилај