Соопштение за медиумите:

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци преставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ напиша за ФИРОМ за  Републка Македонија . Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.


Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонскo друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо                                                                       Претседателот г-дин Или Халилај