Македонско друштво “Илинден”-Тирана со длабока тага ја прими веста за смртта на Елвир Пупулеку
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо со длабока тага ја прими веста за смртта на Елвир Пупулеку. На 18 години почина од кратко боледување Елвир Пупулеку од Требиште, Голо Брдо. Учесник на Летен камп – 2014, 2016 во Охрид, Македонија. Заминувањето на Елвир Пупулеку е голема загуба како за неговото семејство, така и за сите соселани и пошироко. Голо Брдо загуби едно прекрасно момче. Во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо изразуваме најискрено сочувство кон семејството, блиските и пријателите на Елвир Пупулеку.