News

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги повикува македонците да дадат потпис за иницијатива SafePac

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како дел од иницијативата SafePack “Ти не си сам. Еден милион потписи за разновидност во Европа” ги повикува сите македонци во европа да дадат свој потпис за ова важна кампања за правата на малциствата во европа вклучуваќи и македонското малциство во европа во следниот линк имате потребните информаци www.minority-safepack.eu/en/ Кампањата за иницијативата SafePack, започна во замокот Bonțida Bánffy, Клуј, Романија повеќе од 400 луѓе од сите страни на Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Свој потпис даде и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, потписите беа симболично напишани на голем картата на Европа за да покаже дека Федералната унија на европските националности (ФУЕН) смета на секоја европска држава за време на кампањата, со цел да се соберат еден милион потписи.


www.ilinden-tirana.com

Македонското друштво „Илинден”-Тирана искажува подршка за МАЕИ за престојните парламентарни избор

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо го подржава Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ  на парламентарните избори, во Албанија што ќе се одржат на 25.06.2017 година. Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичко движење за интеграција – ЛСИ. Според договорот за коалицирање помеѓу МАЕИ и ЛСИ, кандидат на листата на ЛСИ во округот  Корча е Васил Стерјовски. Дојдено е времето Македонците во Албанија да бидат претставени во Парламентот на Албанија. Договорот на МАЕИ со ЛСИ ќе овозможи интеграција на Македонците во институциите на власта, економски развој на областите каде што живеат Македонците Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цела албанија, заштита на македонскиот јазик, култура и обичаи. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо ги повикува сите Македонци во Албанија независно од политичката припадност, да излезат масовно и да гласат за Васил Стерјовски и ЛСИ на престојните парламентарни избори за да добијат својот прв пратеник.


Македонско друштво “Илинден”-Тиранa                                                                                           Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa  Огранок Голо Брдо                                                               Претседател Или Халилај


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ја отфрла изјава на Еди Рама

 

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама, митинг на Форумот на жените во Корча, минимизирајќи го бројот на Македонците во Албанија. Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека Македонците не живеат само во општината Пустец, туку и во областа Голо Брдо, областа Горa, и на целата територија на Република Албанија. Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо изразува разочарување од Влдата која не ги признава правата на Македонците на целата територија на Албанија туку само во општина Пустец, а кон останатите постапува дискриминаторски.


www.ilinden-tirana.com

Четврто Европското фудбалско првенство на автохтони малцинства ќе се одржи во Каринтија во 2020

Македонско друштво „Илинден“-Тирана како официјален член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) даде свој гласа за “EUROPEADA 2020” претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, го искористи правото и гласа за “EUROPEADA 2020”. Кандидати за организирањето на четврто “EUROPEADA 2020” Европското фудбалско првенство на автохтоната малцинства беа граничен регион Германија и Данска претставени со четирите малцинства што живеат во областа, со мотото “EUROPEADA 2020 помеѓу Северното Море и Балтичкото Море и Словенците во Австрија со мотото “EUROPEADA 2020 година во Каринтија/Kрошка – Заедно единствени славиме единственоста на нашата различност”. Генералното собрание на делегати на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Клуј-Напока, Романија  на 20 мај 2017 година убедливо го подржа кандидатурата на Словенците во Австрија. EUROPEADA е еден од главните европски настан кој го поврзува автохтоните национални малцинства во европа. Фокусот е размена на малцинствата и јавна промоција. По три успешни европски фудбалски првенства на автохтони национални малцинства, Швајцарија во 2008 година, Лужичките Срби во Германија во 2012 година и од германско говорно подрачје во Јужен Тирол, Италија во 2016 година, четврто “EUROPEADA 2020” ќе се одржи во Каринтија/Крошка од страна на Словенците во 2020 година. Федералната унија на европските националности (ФУЕН) е организатор на EUROPEADA.

 

www.ilinden-tirana.com

Честитка од Македонско друштво “Илинден”–Тирана по повод почетокот на Рамазанските пости

 

Почитувани верниците од Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви упатуваме честитки по повод почетокот на Рамазанските пости. Во духот на празникот. Ви посакуваме лесни Рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед им посакуваме мир, благосостојба, љубов и проштевање.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се приклучи во иницијативата SafePack

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се приклучи во иницијативата малцинство SafePack. Кампањата за иницијативата малцински SafePack, започна во петокот вечер во замокот Bonțida Bánffy. Повеќе од 400 луѓе од сите страни на Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Ханс Хајнрих Хансен, претседател на иницијативата малцински SafePack започна својот говор со читање писмото на Франс Тимерманс, потпретседателот на Европската комисија известува иницијаторите дека иницијативата малцински SafePack е регистрирана. Се надевам дека оптимизмот, кои нè доведоа до тука ќе победи – изјави поранешниот претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). “Унгарците во Романија сакаат да се чувствуваат како дома во Европа, дури и ако еден дел од општеството е нетолерантно кон повеќејазичноста и разновидноста дека ние, малцинства, претставуваат, изјави претседателот Федералната унија на европските националности (ФУЕН) Винцзе Лорант. Јужна тиролски потпретседател, Даниел Алфреидер изјави: собирање на 1 милион потписи не е лесна задача. Секој еден од нас треба да ги убеди луѓето во сопствената земја да се покаже солидарност. Ние треба да се соберат еден милион потписи во рок од една година. Потпис даде и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, потписите беа симболично напишани на голем картата на Европа за да покаже дека Федералната унија на европските националности (ФУЕН) смета на секоја европска држава за време на кампањата на петицијата, со цел да се соберат еден милион потписи, успехот на иницијативата малцински SafePack. Иницијативата за малцинствата кои ќе се постават на терен работат за законска рамка на ниво на ЕУ за заштита на правата на малцинствата, координирана кампања во Европската унија ќе биде лансирана во септември.


www.ilnden-tirana.com

Федералната унија на европските националности изгласа резолуција за Македонците во Албанија

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, како официјален член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) го искористи правото да достави резолуција до 62 конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржа во Клуј-Напока/Република Романија од 17- 21 мај 2017 година за правата на Македонците во Република Албанија.

Резолуција е изгласана унинанимно од сите делегати на  Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе ја достави до Владата на Република Албанија и сите релевантни меѓународните институци. Имаме задоволство да објавиме дека ваква резолуција посветена на правата на македонското национално малциство е за втор пат, двете резолуциј и во 2016 година и сега беа доставени од Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Резолуција содржи седум точки со кои се бара:

-Владата на Република Албанија да потпиши и ратификува Европската повелба на Советот на Европа “за регионални и малцински јазици”.

-Признавање на Македонското национално малциство во Голо Брдо, Гора и  цела територија на Република Албнија.

-Државната телевизија (ТВШ) да емитува програма на Македонски јазик.

-Учење на мајчин Македонски јазик во државните школи во областа Голо Брдо и Гора како и во цела тертиорија на Република Албанија кај има значен број на Македонско Национално Малциство.

-Македонското национално малцинство во oблсата Голо Брдо и Гора административна поделба спроведена 2015 година го смета чекор назад за почитување на правата на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и Гора. Владата на Република Албанија пред да почне нова административна поделба убедуваше дека општините кај живат малциствата нема да се бришат се случи спротивното во областа Голо Брдо имаше три и три општини во Гора. Областа Голо Брдо и Гора во административна поделба во 1913 година беа во одделни административни единици. Административна поделба спроведена 2015 година не исполни ни ту еден критериум од критериумите што постави владата сама како што се демографски, географски, економски и културени во овје области се посебни бидеќи живе Македонско национално малциство. Згаснувањето на општините  во Голо Брдо и Гора го отежнува животот на жителите  на областа Голо Брдо и Гора,  дури за обичен документ  треба да патуват 2 часа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија бара од три општини што имаше Голо Брдо и Гора да има по една општина да се именуват Општина Голо Брдо и Општина Гора.

– Во сите општини каде има повеќе од 20% македонско национално малцинство, покрај официјален јазик албански да е и македонски јазик. Владата да гарантира правото на користењето на мајчиниот јазик на  македонското национално малцинство.

– Финансиска поддршка од Министерството за култура за културни и образовани активности за македонско национално малцинство во Република Албанија.

На Конгресот присуствувале претставници на 50 асоцијации 300 делегати на повеќе од триесет малцинства од 30 земји во Европа и 50 новинари.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана две година член на Федералната Унија на Европските Националности

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во мај 2015 година, кога беше донесена едногласна одлука од страна на Генералното собрание на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)  на 60­ –от Конгрес одржан во Комотини, Република Грција. На тој начин Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор што стана рамноправен член со право на глас. Во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) членуваат повеќе од 90 друштва на прпадници на малцнства од 32 земји во Европа.


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве повикува да гласате за Македонија за Евровизија 2017

 

 

Почитувани Македонци во Република Албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве повикува да гласате за Македонија на годинешната манифестација Песна на Евровизија 2017 што ќе се одржи во Киев Украина од 09-11-13.05.2017 година, Република Македонија ќе биде претставена од Јана Бурческа. Јана ќе учествува на полуфинална вечер на 11 мај 2017 година и зависно од Вашите гласови, се очекува да биде пласирана за финалната вечер што ке се одржи на 13 мај 2017 година. Гласовите кои ќе бидат дадени од Република Албанија, ќе можат да му помогнат на нашиот претставник да учествува во финалната вечер. За финалната вечер која ќе се одржи на 13 мај 2017 година се квалификуваат по десет земји од двете полуфинални вечери кои ќе добијат најмногу гласови (50% од вкупните гласови се добиваат од гледачите, а преку гласање со телефонски повик или СМС порака). Молиме активно да се вклучите во лобирање за гласање, (покрај Вас и Вашите најблиски), од страна на Вашите пријатели, колеги и познаници. На тој начин ќе и дадеме поддршка на културата на Република Македонија и нејзината промоција во музичкиот свет во Европа.


www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана имаше средба со студенти по потекло од Голо Брд

 

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај имаше средба со студентите по потекло од Голо Брдо што учат во Прилеп. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана rазговараа за проблемите со кои се соочуват во текот на студирањето, но и како се интегрираат сред врсниците и во градот Прилеп. Овие студенти учат во Економскиот факултет. Тие се многу задоволни со учењето и со однесувањето на Професорите. Во ова пригода беше истакната заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во Република Македонија со цел да се образуваат во матичната држава за иден кадар на Македонците во Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com