News

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана до верниците со Исламска Вероисповед

 

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо

Претседател г-дин Или Халилај


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара од претседателот на Албанија да ја признае Македонја

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, испрати барање до шефот на албанската држава,Илир Мета,неговата држава да ја признае Република Македонија под уставното име. Република Албанија е меѓу првите држави која ја призна независноста на Републка Македонија, но под референцата ПЈРМ. Со писмото кое,од името на сите Македонци што жвеат во Албанија, го упативме до Претседателот Мета, бараме Република Албанија да ја признае Републка Македонија под уставното име,- изјави за Македонски весник Илинден, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Во писмото потсетуваме, посочува тој, дека Република Македонија под уставното име е призната од 133 држави,вклучувајќи ги и трите држави, постојани членки на Советот за безбедност, САД, Кина и Русија а дипломатски односи има воспоставено со повеќе од 170 држави во светот. Прзнавањето на нашата матична земја под уставното име,оценува Ѓурѓај, позитивно ќе влијае во унапредувањето на билатералните односи и соработка меѓу двете земји во сите области што е во интерес на двете држави и двата народа,но и на целиот регион и пошироко. Меѓу двете соседни и пријателски држави има интензивни политички посети на сите нивоа, економски средби и форуми. Во билатералната комункација и воопшто албанските политичари и медиумите, кога станува збор за Република Македонија, тие ја именуваат со уставното име,што е повеќе од добра основа, тоа и официјално да се направи, смета Ѓурѓај.


www.ilinden-tirana.com

Албанскиот хелсиншки комитет ја доби Резолуцијата на ФУЕН за состојбата на Македонците во Албанија

Резолуцијата, којашто беше едногласно усвоена на 62.Конгрес на ФУЕН, а предложена од македонското друштво „Илинден“-Тирана, е доставена до Владата на Република Албанија, до меѓународни и други институции во земјата. Известување дека е добиен документот добивме од Хелсиншкиот комитет, во кое стои дека оваа институција со голем интерес ја прочитале Резолуцијата и најавуваат брза средба со нас, изјави за Македонски весник “Илинден”, претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај. Како што стои во известувањето, Албанскиот хелсиншки комитет е организација за заштита на човековите права, која во својот фокус ја има и заштитата и свеста на јавноста за правата на националните малцинства. Во тие рамки, сигурно ќе бидеме вклучени во решавањето на прашањата вклучени во Резолуцијата од страна на одговорните институции, до степен до кој тие се во согласност со мисијата на АХЦ, посочуваат од комитетот. Македонско друштво „Илинден“-Тирана како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави резолуцијата до Конгресот што во мај годинава се одржа во Република Романија. За неа гласаа сите 300 делегати  на 50 асоцијации на повеќе од триесет малцинства од исто толку земји во Европа. Резолуција содржи седум точки со кои меѓу другото се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба на Советот на Европа за регионални и малцински јазици, признавање на македонското национално малциство во Голо Брдо, Гора и цела територија на Република Албанија, државната телевизија (ТВШ) да емитува програма на македонски јазик, образование на мајчин македонски јазик, како и преиспитување на територијалната поделба на Албанија со Законот од 2015 година. Македонското друштво „Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас.


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара интернационаланите изводи да бидат и на македонски

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационаланите изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа служба, да бидат на македонски јазик. Тие сега се издаваат освен на албански и на грчки, италијански, англиски, германски,- изјави за Македонски весник “Илинден”, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Во барањето се посочува дека со донесувањето на ваква одлука на многу граѓани ќе им се помогне да не се изложуваат на дополнителни напори, како и трошоци за превод на документот од албански на македонски јазик.


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита најголемиот Македонски празник Илинден

 

 

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви честитам најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 -та.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Весникот “Илинден” стана дел од платформата Daily.mk

Единстениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, кој од средината на март годинава е и со елекронско издание, стана дел од платформата Daily.mk. Сега весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, “Илинден” стана прв весник на Македонци од Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести. Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник и познат публицист му се заблагодарува на тимот на Daily.mk. Првиот број на весникот„Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот. Весникот пренесува и информации и за матичната земја Македонија. Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Албанија, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Претседателот на МД ”Илинден”-Тирана средба со претседател на Советот на национални малциства во Р.С

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на 18.07.2017 година оствари средба со Весна Темелковска – Вуковиќ преседател на Советот на национални малциства на Народното собрание на Република Српска. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира преседател на Советот на национални малциства на Народното собрание на Република Српска за активностите на друштвото и за положбата на Македонското национално малциство во Албанија. На средбата се нагласи дека Македонците во соседните држави и балканот да имат повеќе соработка но се прават напори тие контакт во иднина да се зајакнат со почести средби и организирање на јавни собири.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво „Илинден“-Тирана – учесник на Националниот младински конгрес

Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 05.07.2017 до 06.07.2017 година учестуваше на петиот Национален младински конгрес на Албанија што се одржа во Младинскиот центар во Тирана. По петиот пат на Националниот младински конгрес присутен беше и претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај. Во Конгресот учествуваа 80 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот е можност да се запознаат подобро младинските кои работат во Република Албанија и да се зајакне нивната соработка меѓу организаците. Конгресот се реализира со поддршка на германската Фондација “Фридрих Еберт”. Сите организации кои учествуваа на Конгресот беа презентирани со постер во текот на целиот Конгрес.



www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестуваше на XX-тиот ФУЕН семинар на словенските малцинствата

 

Од 22.06. до 25.06.2017 година во Бауцен,Германија се одржа XX-тиот ФУЕН семинар на словенските малцинствата од Европа. Организатор на оваа средба беше Унијата на европските националности (ФУЕН) во соработка со Домовина Федерација на Лужичките Срби во Германија, која е исто така членка на Унијата на европските националности (ФУЕН). Покрај другите, во работа на семинарот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на ФУЕН, истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. На овој семинар од страна на претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај беше презентиран материјал на тема “Положбата на Македонците во Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Според предизвиканиот интерес кај присутните, можеше да се заклучи дека ваква презентација беше за прв пат видена во работната група на словенски малцинства во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Тоа значеше и сериозно анимирање на учесниците на семинарот за состојбата на Македонците во Албанија. Освен тоа, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на семинарот оствари средби со Винцзе Лорант, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), потоа со Давид Статник, претседател на Домовина – федерација на Лужички Срби, Германија. Својата работна агенда ја продолжи со разговорот со Тања Новотин Галубич, заменик-градоначалник во Бјеловарска – Билогорска Жупанија од редовите на чешкото малциство во Хрватска. Исто така, имаше средба и со Бернхард Зиец, потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), и дел од бордот на Домовина, Федерација на Лужичките Срби во Германија и со Рејска Липичец од Федерација на Лужичките Сорби во Германија и пројект менаџер на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со осуда на софиската инвазија за создавање бугарско малциство

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо најостро ја осудува неодамнешмната посетата на Милен Врабевски во Република Албанија како претседател на Фондацијата “Бугарска Памет“, заедно со Росен Плевнелиев претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година и претседател на Фондацијата “Решенија за иднината“ и европратеникот д-р Андреј Ковачев кој активно работи во Европскиот Парламент за признавање на “бугарско малцинство“ во Албанија, и средбите со претставници на општините Корча и Билишта со цел “реализација на образовни иницијативи за промоција на бугарско малцинство во Албанија“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија, а посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, НЕМА. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо упатува најостри критики кон официјална Софија, која продолжува со агресивната антимакедонска политика и декларацијата за Македонците во Албанија како Бугари. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци, Македонците во Албанија не се “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија за “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо антимакедонизмот на Софија го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за “бугарско потекло“, иако Македонците се изложени на тој ризик заради емиграција во западно-европските земји од социо-економски причини, а не заради живот во Бугарија како “Бугари“.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо

Претседател Или Халилај

 

www.ilinden-tirana.com