Четврто Европското фудбалско првенство на автохтони малцинства ќе се одржи во Каринтија во 2020
Македонско друштво „Илинден“-Тирана како официјален член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) даде свој гласа за “EUROPEADA 2020” претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, го искористи правото и гласа за “EUROPEADA 2020”. Кандидати за организирањето на четврто “EUROPEADA 2020” Европското фудбалско првенство на автохтоната малцинства беа граничен регион Германија и Данска претставени со четирите малцинства што живеат во областа, со мотото “EUROPEADA 2020 помеѓу Северното Море и Балтичкото Море и Словенците во Австрија со мотото “EUROPEADA 2020 година во Каринтија/Kрошка – Заедно единствени славиме единственоста на нашата различност”. Генералното собрание на делегати на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Клуј-Напока, Романија на 20 мај 2017 година убедливо го подржа кандидатурата на Словенците во Австрија. EUROPEADA е еден од главните европски настан кој го поврзува автохтоните национални малцинства во европа. Фокусот е размена на малцинствата и јавна промоција. По три успешни европски фудбалски првенства на автохтони национални малцинства, Швајцарија во 2008 година, Лужичките Срби во Германија во 2012 година и од германско говорно подрачје во Јужен Тирол, Италија во 2016 година, четврто “EUROPEADA 2020” ќе се одржи во Каринтија/Крошка од страна на Словенците во 2020 година. Федералната унија на европските националности (ФУЕН) е организатор на EUROPEADA.
www.ilinden-tirana.com