News

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 23-ти Октомври денот на ВМРО

 

 

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба. Да е вечен македонскиот револуционерен идеал да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо 
Претседател Или Халилај


 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со свој претставник на Балкански фолклорен фестивал во Измир

 


Од 06 до 11 октомври 2017 година во Измир,Турција се одржа 12 Балкански фолклорен фестивал, секоја година се одржува под покровителство на градоначалникот на Измир. Фатри Фетаху преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана беше дел од Културно уметнички дома “Мирче Ацев”-Прилеп, Македонија.



www.ilinden-tirana.com

МД “Илинден”-Тирана бара од пратениците да не дозволат признавање на бугари во Албанија


Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо го поздравува одобрувањето на Комисијата за закони за предлог – законот “За заштита на националните малцинства во Република Албанија”. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо протестираа за вклучување на бугарското малцинство во законот, по заканите на Бугарија за вето на членството на Албанија во Европската унија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо бара од пратениците да не дозволат признавање на непостоечкото бугарското малцинство во Албанија. Во Албанија, според сите пописи на населението, во текот на годините немало бугарско малцинство. Тоа не е во интерес само на македонското малцинство но исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, бидејќи утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија, што ќе биде уценувано од Бугарија.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa oгранок Голо Брдо Претседател Или Халилај


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со свој претставник на Балкански фолклорен фестивал во Измир

 

 

Од 06 до 11 октомври 2017 година во Измир,Турција се одржа 12 Балкански фолклорен фестивал, секоја година се одржува под покровителство на градоначалникот на Измир. Фатри Фетаху преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана беше дел од Културно уметнички дома “Мирче Ацев”-Прилеп, Македонија.


www.ilinden.tirana.com

Ѓурѓај: Во Албанија има само Македонци

Во Албанија и натаму ќе живеат само Македонци, а фактот што нема Бугари може да се смени само со продолжување на праксата за купување на „Бугари“, реагираат Македонците во Албанија. Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува разочарување од фактот што Владата на Република Албанија, под притисок на Софија, го стопира донесувањето на Законот за националните малцинства во Албанија.

Го жалиме што Владата на Република Албанија не одолеа на бугарските притисоци за признавање на непостоечко “бугарско малцинство” во Албанија. Во Албанија, освен осумте, со повеќедецениска пописна верификација, малцинства: Македонци, Грци, Роми, Власи, Еѓиптјани, Срби, Црногорци и Бошњаци нема ниту едно друго, а најмалку Бугари. Никола Ѓурѓај, уредник на Македонски весник “Илинден”, упатува остар демарш поради ваквата одлука на Владата, како и до Владата во Софија, заради скандалозната и неприфатлива пракса на Бугарија за регрутација на “Бугари” меѓу Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, со раздавање на бугарско државјанство.

Колку ќе успее оваа организирана хајка на претставниците на грчкото малцинство и новобугарските здруженија, против македонското национално малцинство, ќе зависи и од активноста на македонската дипломатија во иднина. Во Албанија и натаму ќе живеат само Македонци, а фактот што нема Бугари во Албанија може да се смени само со продолжување на праксата за купување на „Бугари“. Ваквата непринципиелност на „европска“ Бугарија, ретставува постапка која може да се користи и во други случаи. Еден направен преседанво името на невистината, претставува закана за сите.

ФУЕН го поздравува предлог-законот за малциствата во Албанија

Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) го поздравува новиот закон за малциствата кој ќе го зајакне статусот и правата на малцинствата во Република Албанија. Од Албанија се очекува да го усвои новиот закон со кој на малцинствата им се даваат повеќе права во согласност со најдобрите меѓународни стандарди во средината на октомври. Предлог-законот беше претставен како заеднички документ на четири министерства откако една работна група работеше на неа речиси три години. Документот, исто така, го следи барањето на Европската комисија, во време кога еден од петте критериуми што Албанија треба да ги исполни за да ги започне разговорите за пристап во ЕУ е “почитување на човековите права и заштита на малцинствата”. Со новиот нацрт-закон се признава постоење на осум национални малцинства: Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци. Фактот што во овој закон е дадена реалната слика за малцинствата во Албанија. За првпат предлог-законот ги утврдува правата на малцинствата за официјално користење на нивниот јазик во локалните власти, доколку тие сочинуваат 20 проценти од локалното население и постои вистинска потреба за тоа. Новиот закон, исто така, им овозможува на осумте малцинства да ги именуваат патиштата и административните места на нивните јазици, заедно со албанските имиња, кога малцинството сочинува над 20 проценти од локалното население. Нацртот, исто така, ја обврзува владата да додели дополнително финансирање за поддршка на малцинствата и да создаде официјални комитети за национални малцинства. Организација членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Македонското друштво “Илинден”-Тирана го поздравува потегот и нагласува дека Албанија полека почнува да покажува реална слика за малцинствата во Албанија – соти во соопштенето на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).


www.fuen.org

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно ослободување на Едмонд Темелко од притворот

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо најостро го осудува притворот од триесет дена за Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција во Република Албанија. Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат итно ослободување од гонење и извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо приведувањето на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо

Претседател Ули Халилај

 


www.ilinden-tirana.com

Европскиот Ден на Јазиците

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита 26 Септември денот на Европските Јазици.

 

 

Shoqata maqedonase “Ilinden” Tiranë јu uron Gëzuar 26 Shtatorin Ditën Evropiane të Gjuhëve


www.ilinden-tirana.com


Честит празник 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо 
Претседател г-дин Или Халилај


www.ilinden-tirana.com

Лошата состојбата во селата Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште областа Полени, Маќелара

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја изразува својата загриженост за положбата на Македонците во Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште областа Полени, Маќелара отворено ја повикуваме Владата и општина Маќелара и округот Дебар итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон овје села и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку е инвестирано во овје села населена со македонско население. Патната инфраструктура е во лоша состојба, и срамно е во 21. век да нема асфалтиран пат. Тоа е главната причина за слабиот економски развој на селата. На овој начин, македонското население се иселува од селата Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште, поради лошата состојба. Друг посебен проблем немаме водовод и канализација, среќа што повеќето имаме бунари, а некои на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита нема здраствен дома.Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во селото после 25 години демократски развој селото уште нема здраствен дом. Дополнителен проблем за македонслкото малцинство во Албанија е фактот што децата неможат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во селата Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бараат од владата, општината и од округот Дебар да преземе соодветни мерки да се подобри ситуацијата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com