News

Годишната Македонска средба во село Церје областа Мала Преспа ќе се одржи на 27 – 28 август 2019

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Мала Преспа и од цела Албанија да учестуват на големиот собир за одбележување разникот Св.Богородица на 27 – 28 август 2019 во село Церје, областа  Мала Преспа и се одбележуват 100 години од изградбата на Црквата Св.Богородица. Ќе има програма збогатена со македонски песни и ора. Сите сте добредојдени!

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод Илинден упатија честика до сите Македонци. Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковина Македонија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944.

Mакедонски деца од Голо Брдо на летен камп “Ја сакам Македонија 2019 година” во Охрид

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 15 до 22 јули 2019 година во Охрид се одржува  Летен камп “Ја сакам Македонија 2019 година” припадници на Mакедонското национално малцинство од Србија, Албанија, Грција, Косово, Бугарија.  Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, а кои живеат надвор од Република Македонија, традиционално се одржува секоја година. Од Албанија на летниот камп учествуваа Mакедонски деца од Голо Брдо, со членовите на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, Африм Фетаху, Ардит Фетаху и Арманд Кадриу. Освен наставната компонента, учесниците имаа можност да ги посетат културно – историските знаменитости во Охрид и охридското крајбрежје. Предвидено е, секоја година да се зголемува бројката на учесници на кампот, а право на учество да имаат сите Македонци, без разлика на кој дел од светот живеат, што укажува дека овој проект полека прераснува во една традиција којашто ги обединува Македонците од националните малцинства од соседните земји и од дијаспората. На овогодинешниот летен камп учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Босна и Херцеговиа, Италија, Австрија и Чешка кои посетуваат курс по македонски јазик, историја и географија на Македонија. Настанот има за цел да го подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците да помогнат за лекување на Алекс

Македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана упати апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на петгодишниот Алекс Мазенкофски,по потекло од Мала Преспа. Сите хумани луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогниме за лекување на малиот Алекс со потекло од Мала Преспа, Албанија,кому преку ноќ му се смени животот. Срествата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f66qz-10000 . Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Алекс, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Алекс безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа,стои во апелот на друштвото. Друштвото го пренесува и апелот на неговите родители,во кој се наведува дека на малиот Алекс неодамна му била дијагностицирана многу ретка болест наречена холестатом. Тоа е ткиво што расте во неговото лево уво и треба веднаш да се отстрани, бидејќи подоцна може да предизвика парализа на лицето. По завршувањето на сите испитувања било утврдено дека со итна операција на оваа возраст успешно се лекува. Доколку семејството обезбеди средства детето може да се оперира на крајот од овој месец во болница во САД. За операцијата се потребни 47.000 а до сега се собрани околу 5.100 долари.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана дел од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби”

Македонско друштво “Илинден“-Тирана e дел од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“ со поетесета Сара Џелили. Струшки книжевни средби се одржават од 4-ти до 6-ти јули во Струга, Охрид и Вевчани, Република Македонија во организација на Здружението за литература култура и наука “Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност “Бранувања“ што излегува во Струга. Сара Џелили прочита матриал подготвен од Никола Ѓурѓај претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, со  тема „Македонскиот јазик во електронските и печатените медиуми во Албанија“.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана им се заблагодарува на организаторот на г-дин Петко Шипинкаровски, што годинава, за трет пат Македонско друштво “Илинден“-Тирана беше дел на Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“-2018 со поетесета Сара Џелили како преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и преставник на Македонците од Република Албанија.

ФУЕН ја објави резолуцијата предложена од Македонско друштво „Илинден“-Тирана за културна автономија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите, ја објави ФУЕН. Резолуцијата по предлог на Македонското друштво „Илинден“ беше едногласно усвоена на 64-от Конгрес што се одржува на 12 – 16 јуни 2019 година во хотелот Парк Ин Радисон во Братислава, Словачка Република. Ова е навистина добра вест за нас, бидејќи со текстот на Резолуцијата сега се дава можност да се запознаат многу народи во светот. Документот содржи три точки во кои Македонско друштво „Илинден“- Тирана бараат од албанската влада се бара културна и образовна автономија за жителите на регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора со цел да се зачува македонската култура во овие региони населени со македонско население. Од име на друштвото и припадниците на македонското малцинство, ФУЕН апелира до Владата во Тирана да отвори катедри за македонски јазик на државниот универзитет во Тирана и на државниот универзитет „Фан Ноли“ во Корча. Исто така ја повикува Владата да обезбеди пропорционална застапеност на Македонците во државните институции, органите на локалната самоуправа и локалната администрација каде што живее значителен број Македонци, како и претставик на македонското национално малцинство во Управниот одбор на албанската државна радиотелевизија, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото во изјава за Македонски весник “Илинден”. Резолуција, ФУЕН ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, Парламентот и меѓународните институци. Македонско друштво „Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас.

Линк англиски

https://www.fuen.org/fileadmin/user_upload/Congress_2019/FUEN_Resolutions_2019_EN.pdf

ФУЕН изгласа резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден”-Тирана за Македонците во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 64-от Конгрес што се одржува во словачкиот главен град Братислава, едногласно усвои Резолуција со која се бара културна и образовна автономија за македонското малцинство во Албанија, предложена од македонското друштво „Илинден“од Тирана. Според Никола Ѓурѓај, претседателот на друштвото, за Резолуцијата гласале сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта на резолуцијата усвоена во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија е да побараат културна и образовна автономија за жителите на регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора во со цел да се зачува македонската култура во овие региони населена со чисто македонско население.

ФУЕН ја повикува Република Албанија:

  1. Да отвори Одделот за македонски јазик на државниот универзитет во Тирана за отворање на Одделот за македонски јазик на Државниот универзитет “Фан Стилиан Ноли” од Корча.
  2. Да обезбеди застапеност на пропорционалната застапеност на македонското национално малцинство во структурите на државната управа, органите на локалната самоуправа и локалната администрација каде што имаа значителен број македонски национални малцинства.
  3. Да обезбеди застапеност на македонското национално малцинство во управниот одбор на Државната радиотелевизија.

Резолуција, ФУЕН ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот и меѓународните институци. Македонско друштво „Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале 150 претставници од 103 организации членки од 36 земји во Европа.

Македонско друштво “Илинден” учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства

Македонско друштво “Илинден”-Тирана како рамноправна членка на Унијата на европските националности (ФУЕН) и како дел на групата на словенските малцинствата од Европа учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства. Покрај другите, во работа на групата учестуваше и Никола Ѓурѓај претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај информира за состојбата на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на работниот состанок оствари средбa со Бернхард Зиец, претседател на работната група, и со Матиц Гермовшек Ж кординатор. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 28 организаци, рамноправни членки на ФУЕН. Конгресот го организира Партија на унгарската заедница во Словачка и Карпато-германски здружение во Словачка, организаци членки на ФУЕН, ќе трае до 16 јуни а учествуваат 103 организации членки од 35 земји во Европа. Македонско друштво „Илинден”-Тирна е рамноправен член на ФУЕН  од мај 2015 година.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на саемот на ФУЕН во Словачка

Во главниот град на Словачката Република, Братислава почна со работа 64 Конгрес и 70 години од основањето на Федералната унија на европските националности, ФУЕН на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Пред официјалниот почеток на Конгресот отворен беше саем на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал. Македонско друштво “Илинден“-Тирана за втор пат има свој штанд, побуди голем интерес. Македонско друштво “Илинден“-Тирана имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонскиите носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик “Илинден“ – вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и учесник на Конгресот, во изјава за Македонски весник “Илинден”. Покрај другото на Конгресот се очекува да биде усвоена Резолуција за правата на македонците во Албанија, предложена од македонско друштво “Илинден“-Тирана кое е единствено друштво што ги претставува Македонците на овој собир. Конгресот го организира Партија на унгарската заедница во Словачка и Карпато-германски здружение во Словачка, организаци, членки на ФУЕН, ќе трае до 16 јуни а учествуваат 103 организации членки од 35 земји во Европа. Македонско друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на 70-годишниот конгрес на ФУЕН

Со отворањето на традиционалниот малцински пазар, 70-годишниот конгрес на ФУЕН во Словачка официјалното се отвори вечерта. Малцинствата од цела Европа ги презентираат своите кулинарски традиции во хотелот Парк Ин Радисон во Братислава. “Горди сме што можеме да кажеме дека со 103 организации членки од 35 земји ние сме најголема европска чадор организација која ги обединува автохтоните малцинства. На отворањето на нашиот 70-годишен јубилеен конгрес се надевам на плодни сесии и разговорите за нашите достигнувања, но исто така и за нашите идни цели и цели “, рече заменик-претседателот на ФУЕН Бернар Зиеш на отворањето на традиционалниот пазар на малцинства. Тој им се заблагодари на домаќините на конгресот, на Унгарската заедница и на Карпатско-германската асоцијација КДВ. Претседателот на КДВ, д-р. Ондреј Пес, ги поздрави гостите и истакна дека здружението на Карпатите од Германија сака да биде активен и сигурен партнер на ФУЕН. Ова е интересот на сите Карпатски Германци. Во поздравниот говор д-р Јозеф Менихарт, Претседателот на МКП ги поздрави сите учесници во име на унгарското малцинство и истакна дека има многу Унгарци кои живеат во Словачка, додека многу луѓе живеат во Братислава заедно – рече претседателот на МКП. Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на 64 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) со свој штанд и е единствено Македонско друштво учесник на конгресот.