Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на саемот на ФУЕН во Словачка
Во главниот град на Словачката Република, Братислава почна со работа 64 Конгрес и 70 години од основањето на Федералната унија на европските националности, ФУЕН на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Пред официјалниот почеток на Конгресот отворен беше саем на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал. Македонско друштво “Илинден“-Тирана за втор пат има свој штанд, побуди голем интерес. Македонско друштво “Илинден“-Тирана имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонскиите носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик “Илинден“ – вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и учесник на Конгресот, во изјава за Македонски весник “Илинден”. Покрај другото на Конгресот се очекува да биде усвоена Резолуција за правата на македонците во Албанија, предложена од македонско друштво “Илинден“-Тирана кое е единствено друштво што ги претставува Македонците на овој собир. Конгресот го организира Партија на унгарската заедница во Словачка и Карпато-германски здружение во Словачка, организаци, членки на ФУЕН, ќе трае до 16 јуни а учествуваат 103 организации членки од 35 земји во Европа. Македонско друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година.