News

Во Тирана одржан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Алабанија

Во организација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија, во Куклениот театар во Тирана, синоќа се одржа првиот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Честа да го отвори фестивалот му припадна на Театарот „Скрб и утеха” од Скопје, а многубројната публика со посебно внимание ги проследи и настапите на КУД „Илинден“ од Струга, како и фолклорните групи „Браќа Мемишовци“ од Орешек област Гора, фолклорна група од Требиште, област Голо Брдо, како и фолклорна група од Пустец, Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области. Македонскиот фолклор бил создаван и траел со векови. Тој ни овозможува да разбереме кои сме ние. Познавањето на фолклорот значи познавање на сите духовни и материјални богатства на народот.Живот на еден народ е претставен преку традиционалните носии, обичаите, ритуалите, приказните. Но, несомнено најмоќните, најизразените и најприродните алатки кои човекот никогаш не ги напуштил без оглед на времето, местото и возраста се народните песни и ора. Сценската изведба на народната музика создава нови културни перспективи. Токму со овој фестивал, се отвора можност за презентација на изворни и автентични содржини,-рече Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Тој посочи дека фестивалот не само што се одржа за првпат,туку за првпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура до кое упати голема благодарост за подршка, со убедување дека подршката ќе продолжи и фестивалот ќе стане традиционален. Овој значаен културен настан за Македонците во Албанија го поздрави Еранда Бедали, преставник на албанското министерството за култура, која ја нагласи определбата на Владата на премиерот Еди Рама за подршка на активностите на припадниците на етничките заедници во негувањето и заштитата на нивниот национален идентитет, култура и традиција. Со посебно внимане настанот го проследија и Атина Ничоска, советник во амбасадата на Република Македонија во Република Албанија и Арманда Хиса, директорка на Националниот центар за фолклор на Албанија.

Нов Контакт – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со Македонско друштво “Илинден“-Тирана

 

Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, од Скопје, преставуван од Претседател д-р Златко Николоски и Македонско друштво “Илинден“-Тирана, преставувано од Претседател г-дин Никола Ѓурѓај од Тирана, потпишаа Меморандум за соработка со цел заедничка промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес да изградат партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги остварат заедничките цели преку реализирање на взаемни проекти како и со цел да спроведуваат истражување, креирање, развој и промоција на социо-културни и економски политики со посебен акцент на унапредувањето на образовниот, економскиот, културниот и општествениот статус на сите категории на граѓани (децата, младите и возрасните), Размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации, информирање на македонските граѓани во дијаспората / иселеништвото, и македонскo малциство во соседните земји. Со цел на зајакната соработка помеѓу двете здруженија Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, донираше училишни помагала наменети за учениците во областа Голо Брдо во Албанија, и тоа: (македонска литература и граматика, лектири од македонски автори, букварки, боенки за помладите, прирачници за правилен македонски говор, македонски приказни, речници за македонски јазик, училишни ранци, пластични моливи, фломастери, тетратки, географски карти, блокови за цртање, читанки по македонски јазик и други училишни помагала). Донацијата се реализираше со активност на Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, Просветно дело АД. Скопје, преставувано од г-дин Павле Петров, како и со поддршка на нашите соработници и донатори, г-дин Александар Пасков од Monthey – Швајцарија, и г-ѓа Ана Ванчева од Сиднеј – Австралија, а во соработка со Македонското друштво ,,Илинден”-Тирана, преставувано од Претседател г-дин Никола Ѓурѓај.

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Историската шанса прв Македонски Пратеник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува одлуката на Генералниот Секретар на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ Васил Стерјовски што го прифати пратеничкиот мандат и да стане првиот Македонски Пратеник во Албанија. Без разлика на околностите, ова е крупен чекор кон поголема факторизација и зголемено политичко влијание на Македонците во Албанија. Неспорни се посветеноста и заложбите на Васил Стерјовски во борбата за поголеми права за сите Македонци во Албанија. Жалиме што Стерјовски, кој како кандидат на МАЕИ на парламентарните избори во 2017 на заедничката коалициона листа со Движењето за социјалистичка интеграција беше на високото петто место, не беше избран уште тогаш. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, му посакува успешнен мантат на Васил Стерјовски. Во исто време, убедни сме дека Стерјовски ќе работи на подобрувањето на правата на Македонското национално малцинство во Република Албанија. – стои во честитката потпишано од Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тиранa.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. – Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден,да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, – се вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана. Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,стои во честитката и се додава дека празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.

Јавна Соба”- Скопје во соработка со Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана донира детски велосипеди

 

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и „Јавна Соба”- Скопје, Македонија организираa акција за донирање на користени детски велосипеди и тоа на 25-28 Март 2019 година во „Јавна Соба”-Скопје, при што беа донирани преку 20 детски велосипеди, тротинети, ролерки и слични реквизити. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и „Јавна Соба”- Скопје, ги донираa во Општина Пустец на 23 Април 2019 година. Општина Пустец ќе ги раздели во градинките на Општина Пустец, Мала Преспа. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана на хуаманите Скопјани и останати чинители им благодари од срце за овој велигденски поклон за најмалите во Општина Пустец, Мала Преспа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на поглаварот на ИВЗ

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, дадена на 14 март 2019 година на церемонија на поставување на камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена на неговиот Фејсбук профил деновиве, во неговиот говор дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“. Македонците имат своја традиција и се на овје простори автоктони. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, е крајно недолична, недозволива и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на македонците. Поради недоличната изјава на поглаварот, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара Реисетот на Исламската верска заедница, безусловно да се извини до Македонци и до македонскиот народ во целина!

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана имаше средба со ученици Македонци од Голо Брдо

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај имаше средба со ученици, етнички Македонци од Голо Брдо што учат во Охрид, со завршено основно образование, во Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во Охрид. Некои тука продолжуваат и на факултет а други се запишуваат во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. Учениците ги посети претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај кој разговараше за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид. Во ова пригода беше истакната заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во татковината Македонија со цел да се образуваат во матичната држава за иден кадар на Македонците во Албанија.

Претседател на Македонско друштво „Илинден“-Tирана е избран г-дин Никола Ѓурѓај

Македонско друштво „Илинден“-Тирана за мандадниот период 2019 – 2023 година за Претседател на Македонско друштво „Илинден“-Tирана е избран г-дин Никола Ѓурѓај, за потпретседател г-дин Незир Меча, за секретар г-ѓа Естела Карамешиноска. Македонско друштво „Илинден“-Тирана осначи и ново раковоство во Македонско друштво „Илинден“-Огранок Голо Брдо е избран г-дин Или Халилај, за потпретседател г-дин Фатри Фетаху, во периодот од 2019 – 2023 година ќе работи на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и во насока на целосна интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува повикот на грчките сили во воената парада

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува повикот на грчките воени сили во воената парада одржана на 25.03.2019 година во Атина и Солун. Со пароли антимакедонски, антиалбански и антитурски. Ваквите пароли антимакедонски, антиалбански и антитурски се скандалозни и насилни. Згрозени сме од овој вандалски и нецивилизиран чин кој не доликува и нема место на тлото на Европа. Но треба труд и храброст за да се изградат искрени и пријателски односи помегу Македонија, Грција и Турција. Апелираме на промисленост и одговорност до владата на Република Грција. Балканот треба да се одлепи од омраза и ксенофобија. Од историјата на омразата и војните меѓу народите кои никому ништо добро не донеле.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара итно асфалтирање на патот меѓу селото Врбник и Билишта

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја повикува Владата на Албанија, Општина Девол, Округот Корча да ги преземат сите неопходни мерки за итно асфалтирање на патот меѓу селото Врбник и Билишта, што е во катастрфална состојба. Патот што го поврзува селото Врбник со Билишта секојдневно е во се полоша состојба.Имено, на само 5 километри од градот Билишта се ноаѓа село Врбник, кое се наоѓа во Егејска Македонија, непосредно до албанската граница со Грција. Селото гравитира кон планинскиот предел на најисточната точка на Албанија и според населението во селото, веќе 30 години ништо не е инвестирано во оваа област. И покрај многуте пробеми, најголем проблем што ги мачи Македонците во село Врбник претставува главниот пат што го поврзува село Врбник со градот Билишта, бидејќи секојдневните обврски на Македонците од селото во градот Билишта невозможно е да се извршуваат со оглед на катастрофалната состојба на патот кој треба да го поминат. За овој проблем информирани се сите институции во Албанија, но состојбата не се менува. Поради тоа, согласно добиените информации од Македонците од Врбник, Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара Владата на Албанија, Општината Девол и Округот Корча да преземат итни мерки за асфалтирање на патот со што треба да се подобри ситуацијата и животот на македонското население од село Врбник.