Македонско друштво “Илинден”-Тирана го подржава „Единствена горанска партија“ на Косово



Македонско друштво „Илинден” од Тирана, ја поддржува Резолуцијата за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија,усвоена на третиот конгрес на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграцја (МАЕИ), одржан на 7 септември во Тирана. Делегатите на третиот Конгрес на МАЕИ, со изгласувањето на Резолуцијата за унапредување на положбата,правата и слободите на Македонците во Република Албанија останаа доследни на барањата за почитување на правата на Македонците во Република Албанија,за што во континуитет се залага и друштвото „Илинден“, стои во соопштенето на друштвото. Во исто време се бара МАЕИ целосно да се ангажира точките од Резолуцијата да се реализираат и ги повикува Македонците во Албанија „да ја поддржат Македонска алијанса за европска интеграција како единствен пат за остварување на правата на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во цела Република Албанија“. Овој значаен документ, содржи 27 точки во кои се наведени барања за остварување на легитимните права на Македонците а што секако ќе ги оствариме само со тесна соработка меѓу сите нас Македонците во Република Албанија и нивните здруженија,се посочува во соопштението. При тоа се наведуват барањата, кои се содржани во документот, како што е правичната застапеност во органите на државната власт и другите јавни институции, да има загарантирани места во Собранието на Република Албанија за сите малцинства, Собранието на Албанија да донесе нова територијална реформа со цел да се оформат две посебни општини Гора и Голо Брдо, во единиците на локалната самоуправа каде што најмалку 10 отсто од граѓаните се Македонци, службен да биде и македонскиот јазик, образование на сите нивоа на македонски јазик, како и други барања за остварување на легитимните права на Македониците.

Центарот за информативна поддршка Нов Контакт- Македонија, во периодот од 10-12 септември 2019 година започна со реализација на Проектот ,,Говорот на уметноста” во кој планирани се две работилници за деца и младинци љубители на уметноста за зајакнување на вештини за ликовна уметност, кои се одржуваат во ,,Етно село Кучково„ – Скопје, како и една изложба на слики насликани од учесниците на истите работилници. Особена чест ни преставува големиот интерес за учество на овој проект и тоа на учениците од СОУ ,,Перо Наков” од Куманово, ДСУ ,,Св. Наум Охридски“ – Скопје, студенти од факултетот за Бизнис студии ,,Еуро Колеџ“ – Куманово, како и ученици од повеке Основни училишта од Скопје.

На Проектот ,,Говорот на уметноста” имаше и преставници од македонската дијаспора и од Македонско национално малциство во сосеството и тоа г-ѓа Светлана Босилкова Далевска – Писателка од Германија, г-дин Георги Пасков од Флорида – САД, како и преставнци на Македонското друштво ,,Илинден“-Тирана од Албанија, и тоа: Елса Џелили, Сабина Џелили и Сара Џелили. Проектот се изведува под менторство на ликовен Уметник и хуманист г-дин Живко Поповски – Цветин од Скопје и професор Николина Милиќ од СОУ ,,Перо Наков“ – Куманово, а е координиран од Центарот за информативна поддршка Нов Контакт- Македонија. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија како избран проект од национален интерес во културата за 2019 година.

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, упати честитка до Васил Стерјовски, по повод изборот за претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Дозволете ми во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“ и од името на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената македонска партија во Албанија. Делегатите на Конгресот,кој ги имаше од сите делови на Албанија, со едногласната подршка, избраа кој ќе ја води (МАЕИ) во наредните четири години,се наведува во честитката. Во исто време се нагласува подршката во напорите што партијата предводена од Стерјовски ќе ги вложува за унапредвање на правата на Македонците и зачувувањето на нивниот национален идентитет. Во вашето справување со предизвиците на Македонците во Албанија, како во остварувањето на нивните легитмни права така и во зачувувањето на македонскиот идентитет, ја имате нашата огромна поддршка. Напредокот и благосостојбата на македонскиот народ во Албанија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет.Ви посакувам голем успех, и убави дела, честа и достоинственоста да Ве следат и да се постојано со Вас. Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.



Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Во пресрет на утрешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата,-стои во честитката. На овој голем празник, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот, Или Халилај, со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет. Голем број македонски семејства низ Албанија Денот го одбележуваат како домашна слава.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо беа убедени дека терториална поделба во Албанија што се спроведе во 2014 година немаше да донесе просперитет за Голо Брдо и Гора се одбележуват пет години и регионите не е подобрено ништо дури е влошено ситуацијата. Македонското малцинство во областите Голо Брдо и Гора, спојувањето на општините го смета како чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежна животот на жителите. Имено, за еден извод треба да се патуваат два часа, а да не говориме за други катадневни неоходности. Поради тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското национално малциство во Република Албанија предложи пред да почне терторијална поделба.

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2019 година. Сите сте добредојдени.

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме Св.Климент Охридски. Св.Климент Охридски се упокоил мирно во Охрид, на 8 август 916 година. Неговите мошти се чуваат во охридската црква Св. Климент во Охрид, Македонија.