Македонско друштво „Илинден”-Тирана: Одземањето на правото на глас на мнм и диаспора е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на глас на македонците надвор од Македонија го повикуваме ДИК да овозможи повторна регистрација на гласачите од мнм и дијаспора. За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Mакедонците надвор од Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор од Македонија. Бидејќи ние Mакедонците надвор од Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Македонија се клучен партнер на татковината Македонија и  интегрален елемент за унапредување на Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Македонија мора да го уживат правото на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Македонија. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.