Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓа јимаше средба со Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во амбасадата во Тирана. На почеток на средбата, Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор и му посакал успех на високата дипломатска должност. Исто така го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во  Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Албанија. Исто така го запознав и со активностите на друштвото кое со години е активен субјект меѓу македоската заедница во Албанија,изјави Ѓурѓај за МИА. Додава дека во текот на срдбата амбасадорот Марковски, покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија. Многу отворено и искрено разговаравме за можни активности кои би помогнале за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, амбасадорот искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија, нагласи Ѓурѓај. Посочува дека со надеж дека амбасадорот Марковски сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, топло се заблагодарил за срдечната средба.