Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Благодарница ”Илинден” доделено во 2021 година на работна група на словенски малцинства (АГСМ) поради ковид пандемијата се додели во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин, рече Ѓургај. Г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, се заблагодари во името на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), г-дин Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена. Благодарницата ”Илинден” се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.
News
Федералната унија на европските националности изгласа резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за правата на Македонците во Република Албанија
Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 66-от Конгрес што се одржуваше во германскиот главен град Берлин, едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство по парламентарната одлука за територијална реформа во Албанија, предложена од македонското друштво “Илинден“од Тирана, за Резолуцијата гласале сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта на резолуцијата усвоена е подобрувањето на правата на Македонското национално малциство во Република Албанија и зачувување на македонската култура во регионите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник населено со чисто македонско население.
Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ја повикува Република Албанија:
1. ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија бр. 13/2022 ”За формирање на Специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи во Република Албанија“ и бара од Специјалната парламентарна комисија за административно-територијални реформи во Република Албанија да го поддржи формирањето на општина Голо Брдо и Гора. Во областа Голо Брдо, административните единици Требиште и Острен се дел од општина Булќиза, административната единица Стеблева е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики, а со формирањето на општина Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на областите Голо Брдо и Гора.
2. ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година, бр. 96/20172 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет (5) години од донесувањето на Законот за националните малцинства.
3. ФУЕН го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија.
4. ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија.
Резолуција, Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малциства, комисарот за дискриминација, амбасади и меѓународните институци.
Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале претставници од 105 организации членки од 36 земји во Европа.
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на работниот состанок на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) му ја врачи и Благодарницата ”Илинден” доделено во 2021 година на работна група на словенски малцинства (АГСМ) поради ковид пандемијата се додели во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 28 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.
Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на Конгресот на Федералната унија на европски националности, што се одржa во Берлин од 29 септември до први октомври, најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи. На Конгресот присуствува претставници на 105 организации членки од 36 земји. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Република Албанија беше фактот дека резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана се изгласана унинанимно од сите делегати на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе се достави до сите релевантни институци во Република Албанија и сите релевантни меѓународните институци. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности, Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа, Џени Џонс, координатор на Федералната унија на европски националности. Исто така, имаше средба со Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција, Алис Блинцова, преставник на „Руско училиште во Естонија“, Сенгиз Ковач, претседател на друштво за млади на Турците во Република Косово.

Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности

Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа

Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција

Алис Блинцова, преставник на „Руско училиште во Естонија“ и Џени Џонс, координатор на Федералната унија на европски националности

Сенгиз Ковач, претседател на друштво за млади на Турците во Република Косово
Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на конгресот на Федералната унија на европските националности во Берлин
Во главниот град на Сојузна Република Германија, Берлин се одржа 66 Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Дел од конгресот е и саемот на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал. Македонско друштво “Илинден“-Тирана за трет пат со свој штанд, со производи кои Македонците во Република Албанија ги произведуваат, ајвар, ракија, вино. Македонско друштво “Илинден“-Тирана имаме и пропаганден материјал на кој се претставени македонскиите носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик “Илинден“. Конгресот се организираше од четирите автохтони национални малцинства во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.



Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН-Конгресот што се одржа од 29 септември до 2 октовмри 2022 година во Берлин, освари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски. Претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија го посетија штандот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Високите претставници на Централниот совет на Македонците во Германија беа информирани за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. Воедно беа запознати и со активностите на Друштвото, кое со години е активен субјект меѓу Македонците во Република Албанија. Од своја страна, претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија информираа за активностите и положбата на Македонците во Сојузна Република Германија. На срдечниот разговор бил искажан заеднички став од потребата за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Централниот совет на Македонците во Германија за повеќе заеднички активности поврзани со значајни прашања за Македонците на повеќе полиња.
Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на 66 конгресот на Федералната унија на европски националности во Берлин
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на Конгресот на Федералната унија на европски националности, што се одржa во Берлин од 29 септември до први октомври. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија беа во фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи започне на 29 септември со церемонијата на отворањето во Претставништвото на државата Бранденбург во Берлин. Додава дека по воведните обраќања следуваше сесија на BundesTalks – дискусија со членовите на Бундестагот за малцинските права и панел дискусија на тема “Опстанок и надеж – малцинските заедници во меѓународни, регионални и национални вооружени конфликти”. Конгресот продолжи во хотелот Н4 со панелот: мојот јазик, мојот идентитет за четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици
Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет. Важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, со иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Советот на Европа, со 800 милиони Европејци претставени од 47 земји, ги повикува сите Европејци да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од училиште. Јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства
Македонското друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и земено предвид од Ваша страна, стои во барањето на друштвото.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент за формирање две македонски општини, Голо Брдо и Гора
Македонското друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, и до комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на “Законот за заштита на националните малцинства во Албанија”. Според претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај во образложението на барањето се наведени “основани причини за ова легитимно барање на Македонците од двете области”. По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, областите Голо Брдо и Гора, каде живее македонско население останаа неразвиени. Исто така Македонците не се застапени во локалната власт. Во 2014 година, владата ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево, во областа Голо Брдо и ги припои, првите две во општина Булќиза а општина Стеблево во општина Либражд. Општините Шиштавец и Запот во областа Гора, пак, по укинувањето се припоени кон општина Кукс, стои во образложението, информираше Ѓурѓај. Наведуваме, додава тој, дека со формирање на областите во две општини ќе се придонесе во зачувувањето на македонскиот идентитет и побрз економски развој. Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Воедно ќе ја зајакне економијата на жителите и ќе овозможи развој на областите, кои се најнеразвиени во државата, посочува тој. Исто така, нагласува тој, ја информираме претседателката на парламентот, дека и со резолуциите, предложени од друштвото а изгласани од Федералната унија на европските националности, ФУЕН, се поддржува формирање на споменатите две општини. Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и Собранието на Република Албанија, чиј прв човек сте, преку овој допис, бараме Специјалната комисија за територијална административна реформа во Република Албанија да го поддржи формирањето на општина Голо Брдо и Гора, стои во барањето. Се наведува дека Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во регистарот на Судскиот округ Тирана чија мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Република Албанија.





