Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН-Конгресот што се одржа од 29 септември до 2 октовмри 2022 година во Берлин, освари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски. Претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија го посетија штандот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Високите претставници на Централниот совет на Македонците во Германија беа информирани за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. Воедно беа запознати и со активностите на Друштвото, кое со години е активен субјект меѓу Македонците во Република Албанија. Од своја страна, претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија информираа за активностите и положбата на Македонците во Сојузна Република Германија. На срдечниот разговор бил искажан заеднички став од потребата за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Централниот совет на Македонците во Германија за повеќе заеднички активности поврзани со значајни прашања за Македонците на повеќе полиња.