Федералната унија на европските националности изгласа резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за правата на Македонците во Република Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 66-от Конгрес што се одржуваше во германскиот главен град Берлин, едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство по парламентарната одлука за територијална реформа во Албанија, предложена од македонското друштво “Илинден“од Тирана, за Резолуцијата гласале сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта на резолуцијата усвоена е подобрувањето на правата на Македонското национално малциство во Република Албанија и зачувување на  македонската култура во регионите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник населено со чисто македонско население.

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ја повикува Република  Албанија:

1. ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија бр. 13/2022 ”За формирање на Специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи во Република Албанија“ и бара од Специјалната парламентарна комисија за административно-територијални реформи во Република Албанија да го поддржи формирањето на општина Голо Брдо и Гора. Во областа Голо Брдо, административните единици Требиште и Острен се дел од општина Булќиза, административната единица Стеблева е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики, а со формирањето на општина Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на областите Голо Брдо и Гора.

2. ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година, бр. 96/20172 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет (5) години од донесувањето на Законот за националните малцинства.

3. ФУЕН го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија.

4. ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија.

Резолуција, Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малциства, комисарот за дискриминација, амбасади и меѓународните  институци.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале претставници од 105 организации членки од 36 земји во Европа.