News

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати телеграми со сочувство до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски

Претседателот  Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во име на друштвото и Македонците во Република Албанија, до претседателката Гордана Силјановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски, упати телеграми со сочувство за трагедијата во Кочани.

Се наведува дека со длабока болка Македонците ја примиле веста за националната трагедија од 16 март,  во која животот го загубија 59 млади, а многу останаа повредени,  дека  чувствуваат, тагуваат и сочувствуваат со настраданите.

Во мое лично име и во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам искрено и длабоко сочувство до Вас како претседателка и премиер  на Македонија и до семејствата на загинатите. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во телеграмата на сочувство.

Веруваме дека ” овие тешки моменти за нашата татковина Македонија ќе бидат надминати и уште еднаш ја изразуваме нашата поддршка и охрабрување за надминување на оваа траорна слика”.

Во овие тешки моменти, срцата на Македонците во Република Албанија се со вас. Бог да биде со семејствата на починатите и повредените и со народот на Македонија”, стои во телеграмите со сочувство.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани, Македонија сочуство до семејствата на загинати од трагичниот пожар и длабоко жалење за несреќа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана посакува брзо заздравување на повредените.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана

Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë shpreh keqardhje të thellë për tragjedinë e ndodhur në diskotekën në Koçan në Maqedoni

Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë shpreh keqardhje të thellë për tragjedinë e ndodhur në diskotekën në Koçan në Maqedoni ngushëllime për familjarët e viktimave në zjarrin tragjik dhe keqardhje të thellë për tragjedinë e ndodhur. Shoqata Maqedonase “Ilinden” -Tiranë uron shërimin sa më parë të lënduarve.

Shoqata Maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на конференција на Федералната унија на европски националности за Западен Балкан, одржена во Скопје, Македонија

Од 6 до 8 март 2025 година во главниот град на Република Македонија се одржа конференцијата на Федералната унија на европски националности (ФУEН) за Западен Балкан насловена „Пристапи за справување со говорот на омраза против малцинствата во Западен Балкан“.

Организатор и домаќин на истата беше Ромскиот центар за комуникации „ДРОМ“ од Куманово, чија одлична организација успеа да привлече претставници на национални малцинства од десетина држави во и вон Западен Балкан. Конференцијата ја отвори извршниот директор на Р.Ц.К. „ДРОН“, Ахмед Јашаревски кој се осврна на потребата од поголема застапеност на теми за состојбата на Ромите во балканските држави и светот, но и за положбата на сите малцинства низ светот.

Поздравно обраќање имаше и претседателот на ФУЕН, Ларант Винце, кој воедно е и член на Европскиот Парламент. Во неговиот говор, исто така, беше апостофирана улогата на малцинствата во секоја од државите не само на Балканот, туку и во европски и светски рамки. При тоа, се осврна и на потребата од едукација кај малцинствата, како на мајчин, така и на јазикот на државата во која живеат.

Како идни носители на општествени дејности во државата малцинските членови треба да ја поседуваат основната алатка со која ќе бидат корисни во општеството, а тоа е јазикот за комуникација на сите граѓани на ниво на држава, но и да го негуваат својот мајчин јазик како начин за пренесување на вредностите на своето малцитство.

На отворањето на конференцијата свое обраќање имаше и министерот без ресор, Шабан Салиу задолжен за имплементација на стратегијата за ромската инклузија 2022-2030.

Во натамошниот дел беше одржана првата панел сесија на тема „Сегашната состојба на макцинствата од Западен Балкан“, додека втората панел сесија се однесуваше на „Адрсирање на говорот на омраза“, а третата беше за „Малцинското образование и образованието за малцинствата“.

На оваа Конференција, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, беа присутни Проф.д-р Катерина Тодороска и Сабина Џелили, координатор на Друштвото за Округот Елбасан.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Меѓународни организации активни во Европа за заштита на малцинствата

Најважните меѓународни организации активни во Европа сите усвоија одредби кои се однесуваат на правата на лицата кои припаѓаат на традиционалните, автохтони национални малцинства и јазични групи. Станува збор за договори, резолуции, конвенции, повелби и декларации. Исто така, постојат различни тела во Европската унија, во Советот на Европа, во Обединетите нации и во Организацијата за безбедност и соработка во Европа кои се занимаваат со малцински прашања.

Ние во ФУЕН (со активна помош на канцеларијата на пратеникот во Европскиот парламент Лорант Винче) ги собравме најважните информации заедно за вас.

Кликнете на линковите подолу за да дознаете повеќе за придонесот на секоја институција за правата на малцинствата:

I. European Union

1. EU Treaties

2. European Parliament resolutions and studies

3. The Intergroup on Traditional Minorities, National Communities and Languages at the European Parliament

 

II. United Nations

  1. UN Special Rapporteur on minority issues
  2. Declaration on the Rights of Persons Belonging to National, or Ethnic, Religious and Linguistic Minorities

 

III. Council of Europe

  1. Framework Convention for the Protection of National Minorities (FCNM): TEXT; WEBSITE
  2. European Charter for Regional or Minority Languages (ECRML): TEXT; WEBSITE 

 

IV. OSCE High Commissioner on National Minorities

WEBSITE; Thematic Recommendations and Guidelines on National Minorities

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Aлбанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија

По повод одбележувањето на 15- годишнината од формирањето, Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија, му додели благодарница  на Никола Ѓурѓај,  претседател на Македонското друштво “Илинден”- Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник.

Благодарницата ми се доделува за долгогодишната соработка, помош и подршка на здружението и промовирање на Македонците од Србија во Македонскиот весник „Илинден”-Тирана. Голема благодарност до управата на Здружението на Македонците “Даме Груев” и посебно до Славе Груевски, претседателот на здружението, рече Ѓурѓај.

На здружението, додаде, од мое и од име на Македонците во Албанија, му посакувам понатамошни успеси во промоцијата на нашинците во Република Србија.

На одбележувањето Груевски поднесол извештај за активностите на здружението, оценувајќи меѓу другото дека” здружението е само уште еден бисер во ѓерданот наречен македонска заедница во Србија, македонско национално малцинство, македонски исленици во странство”.

Основната мисија за формирање на нашето здружение беше и останува, дружење на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравичкиот округ, негување на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот, додал тој , објави весник “Илинден”.

Оценил дека добрата соработка на здружението со “локалната самоуправа од Горњи Милановац и со збратимените градови од Македонија, на најдобар начин ги потврдила добрите односи помеѓу Македонија и Србија”.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Радио Тирана Интернационал да биде и на македонски јазик

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во Судскиот округ Тирана со мисија за заштита на македонското национално малцинство во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од Албанската радио телевизија (РТШ) Радио Тирана Интернационал да биде на македонски јазик, како што е на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и ќе биде разгледано за да биде и на македонски јазик.