News

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на Ратко Лазарески – Директор на весникот “Нова Македонија”

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во просторите на весникот “Нова Македонија” лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на г-дин Ратко Лазарески – Директор на весникот “Нова Македонија”. Признанието е доделено за особен придонес за Македонското национално малциство во Република Алабнија и придонес за Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Признанието се доделува на поединци или организации за нивните особени заслуги, ангажман и перманентни активности во насока на зачувување и одржување на националниот идентитет на припадниците на македонското народ во Република Албанија, како и промоција на македонските национални особености – јазик, култура, обичаи итн.

Претставниците на редакцијата и на Македонско друштво “Илинден“-Тирана разговараа за проширување на заедничките проекти, во насока на афирмација на потребите на македонскиот народ во албанското општество, но и афирмирање на припадниците на македонското национално малцинство од соседните држави. Ѓурѓај изрази благодарност до редакцијата за досегашните напори и заложби и за соработка и продлабочувањето на контактите помеѓу „Нова Македонија“ и македонското друштво “Илинден“-Тирана, како и македонсскиот весникот „Илинден“ од Република Албанија.

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации но за жал во 21 век само во Преспа имаат право на овразование на мајчин македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Се одбележуваат 122 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Егејска Македонија во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, дел на манифестацијата дегустација на Македонски вина во Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, дел на манифестацијата дегустација на Македонски вина во Тирана со штанд со примероци од Македонски весник “Илинден”, и албуми со Македонски народни носии.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Воскресението Христово – Велигден

Почитувани Православни верниците во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честитаме Воскресението Христово – Велигден. Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас.

Среќен Воскресението Христово – Велигден
Христос Восресна!
Навистина Воскресна!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Република Албанија.

Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото.

Воедно, Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Република Албанија дел од своите верски календари.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му врачи Благодарница “Илинден” на Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана

Во просториите на македонската амбасада во Тирана, претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска му врачи Благодарница на Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор, што друштвото му ја додели по повод 16-годишнината од формирањето.

Ми беше посебна чест и задоволство во името на нашето друштво и во името на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја8 предадам Благодарницата “Илинден” на  вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу, рече Ѓурѓај.

Додава дека признанието му се доделува за неговиот  особен  придонес и заслуги за друштвото и македонското национално малцинство.

На врачувањето на признанието присуствуваше Радмила Стојмировска прв секретар во македонската амбасада во Тирана и Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Исто така Ѓурѓај, кој е главен и одговорен уредник на весникот “Илинден” на амбасадата и донира примероци од последното издание.

Македонското друштво “Илинден”- Тирана чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет во Република Албанија, е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Ви посакуваме во вашите фамилји да владеат здравјето, мирот и среќата!

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на новиот поглавар на Албанската автокефална православна црква

Македонското друштво “Илинден“- Тирана денеска упати честика до Неговото блаженство архиепископ Јоан,  по повод изборот за поглавар на Албанската автокефална православна црква.

Од мое лично име, во името на друштвото, како и од македонското национално малцинство кое живее во Република Албанија, упатуваме честитки за вашиот достоен избор за архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, стои во честиката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека во речиси тридеценискиот период, како митрополит на корчарската митрополија, ги почитувал сите верници и бил почитуван од сите нив и му се посакува „долга и одлична служба како Првосвештеник“.

Под Ваше раководство, автокефалната православна црква на Албанија ќе продолжи да биде силен столб на верата, мирот и духовните вредности за верниците и за целото албанско општество. Ви честитаме од с è срце, стоиме со голема почит и љубов во Бога, посакувајќи ви долга и одлична служба како Првосвештеник, се посакува во честитката.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во име на македонските граѓани и во лично име, изразува неизмерна благодарност за изразеното сочувство за трагедијата што се случи во Кочани

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во лично име, изразува неизмерна благодарност за изразеното сочувство за трагедијата што се случи во Кочани, од:

Н.В. Кралот Хералд V, крал на Кралството Норвешка
Н.В. Кралот Чарлс III, крал на Обединетото Кралство
Н.В. Карл XVI Густаф, крал на Кралството Шведска
Н.В. Кралот Фелипе VI, крал на Кралството Шпанија
Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, претседател на Република Австрија
Н.Е. Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан
Н.Е. Абделмаџид Тебун, претседател на Народна Демократска Република Алжир
Н.Е. Луонг Куонг, претседател на Социјалистичка Република Виетнам
Н.Е. Константинос Тасулас, претседател на Република Грција
Н.Е. Вагн Хачатријан, претседател на Република Ерменија
Н.Е. Мајкл Д.Хигинс, претседател на Република Ирска
Н.Е. Серџо Матарела, претседател на Италијанската Република
Н.Е. Касим-Жомарт Токаев, претседател на Република Казахстан
Н.Е. Никос Кристодоулидес, претседател на Република Кипар
Н.Е. Садир Јапаров, претседател на Киргистанската Република
Н.Е. Вјоса Османи Садриу, претседател на Република Косово
Н.Е. Анджеј Дуда, претседател на Република Полска
Н.Е. Марсело Ребело ди Соза, претседател на Португалската Република
Н.Е. Петар Пелегрини, претседател на Република Словачка
Н.Е. Наташа Пирц Мусар, претседател на Република Словенија
Н.Е. Сердар Бердимухамедов, претседател на Туркменистан
Н.Е. Реџеп Таип Ердоган, претседател на Република Турција
Н.Е. Томаш Шујок, претседател на Унгарија
Н.Е. Зоран Милановиќ, претседател на Република Хрватска
Н.Е. Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора
Н.Е. Петр Павел, претседател на Република Чешка
Н.Е. Отец Џон Данлап, Големиот господар на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта
Н.Е. Андрија Мандиќ, претседател на Собранито на Црна Гора
Н.Е. Жељко Комшиќ, член на Претседателство на Босна и Херцеговина
Н.Е. Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина
Атанас Зафиров, вицепремиер и претседател на Националниот совет на Бугарската Социјалистичка Партија, „БСП – Обединета Левица“
Н.Е. Антонио Гутереш, Генерален секретар на ООН
Н.Б.С. Архиепископот на Константинопол – Новиот Рим и Вселенски Патријарх г.г. Вартоломеј
Ирена Радовиќ, гувернерка на Централна банка на Црна Гора
Луиз Мушикивабо, генерален секретар на меѓународната организација на франкофонијата
Н.Е. Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Н.Е. Сецуко Кавахара, амбасадор на Јапонија
Н.Е.Мишел Камерон, амбасадор на Канада со седиште во Белград
Н.Е. Алехандро Зотнер Мејер, амбасадор на Аргентинската Република со седиште во Софија
Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија
Никола Петровиќ-Његош, принц на Црна Гора и претседател на Фондацијата Његош
Проф. д-р Стјепан Лакушиќ, ректор на Универзитетот во Загреб
Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово
Контантин Костадинов, претседател на политичката партија „Преродба“
Маја Георгиевска, Демократска партија на Македонците од Србија
Тасмина Ахмед – Шеик, претседател на Шкотската политичка партија „Алба“
Јонел Станку, пратеник, Друштво на Македонците од Романија
Дејан Уметиќ, претседател на Собранието на Сојузот на здружение на борците од Народноослободителните војни
Н.Е. Ахмед Алџарван, претседател на Глобален совет за толеранција и мир
Мајкл Р. Хуберт, основач и директор на „Shabnam Resources“, Ченај, Индија
Друштво на Македонците од Романија
Ристо Дурловски, Претседател на ООМК (Организација на обединети Македонци во Канада)
Илија Христодулов, претседател на Заедницата на Македонците во Република Хрватска
Бурим Реѓај, Совет на албанско-американските односи
Заур Алиев, претседавач на Европскиот центар на Азербејџан во Мунстер, Германија
Д-р Акан Сувер, претседател на Фондација „Мармара“ – Истанбул
Проф. Спиридон Флогаитис, претседател на Бордот на директори на Европската организација за јавно право
Иле Митрески, Македонска православна заедница на Големиот град Волонгонг „Св. Димитрија Солунски“, Нов Јужен Велс, Австралија
Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана
Никша Братош, претседател на Хрватскиот музички сојуз
Swisslion MK
Блажеј Д.Г. Пезда, The Przepiorek House, Полска