Uncategorized

Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28-29 ноември денот на Независноста и на ослободувањето

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици

 

 

Почитувани Македонци и Македонки, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, ви честитаме големиот Христијански празник Богојавление Христово – Водици. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита денот на сесловенските просветители Св Кирил и Методи

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: Осуда за резолуцијата на Европскиот парламент

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија, усвоен од Европскиот Парламент во делот каде што по предлог на бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се потврдуваат како Бугари, со препорака “тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика на Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо од Албанската влада и од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија узвоен од Европскиот Парламент во делот за Македонците како Бугариа го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ во Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија.


Македонско друштво “Илинден”-Тиранa                                                                                           Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Соопштение: За предвремени парламентарни избори во Република Македонија

Почитувани Македонци во Република Албанија

 

 


Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија што се пријавени за претстојните предвремени парламентарни избори во Република Македонија избирачко право ќе можат да го оствара во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица “Кавајес’’ број 116. Во Тирана Република Албанија за предвремените Парламентарни избори во Република Македонија ќе се одржат во сабота 10.12.2016 во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Тирана со почеток во 7 часот наутро па се до затварањето на гласањето во 7 часот навечер. Право на глас имаат сите кои се пријавија за гласање во изминатиот период и притоа потсетуваме на денот на гласањето да се понесе македонскиот биометриски пасош или лична карта бидејќи само така ќе можете да го остварите правото на глас.

 

www.ilinden-tirana.com

Благодарност до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Репблика Албанија, имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото. Воедно Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари.



www.ilinden-tirana.com

Честитo празник 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија

 

 

Честитo празник 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Македонија утре одбележува 25 година.


Gëzuar 8 Shtatorin Ditën e Pavarësisë së Republikës së Maqedonisë. Nesër Maqedonia shënon 25 vjet.


Happy 8 th September Independence Day of the Republic of Macedonia. Macedonia tomorrow marks 25 years.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо учестуваше на тркалезна маса за Малциствата

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај учестуваше на тркалезна маса за малциствата. Тркалезната маса се одржа на 30.06.2016 година во просториите на Министерството за надворешни работи беа присутни членовите на Државниот комитетот за малцинства, преставници на малциствата, граѓански организаци, меѓународните организации, Заменик министер за Надворешни работи Одета Барбулуши, генералниот секретар на Министерството за надворешни работи Ќирјако Ќирко. Во тркалезната маса се дискутира за нацрт – законот за малцинства за цел да ја подобри правната рамка за малцинствата ја презентираше иницијативата за изработка на закони за малциствата и придонесот што треба здруженијата на малциствата граѓанското општество и меѓународните организации. Ќирјако Ќирко генералниот секретар се заблагодари на учесниците истакнувајќи дека нивниот придонес е од суштинско значење во процесот на подготовка на нацрт законот за правата на малцинствата. Заменик министер Барбулуши истакна дека албанските институции се посветени на постојано за подобрување на стандардите за заштита и почитување на човековите права од кои дел се и правата на малцинствата. Г-ѓа Барбулуши истакна дека е потребно и  многу важо за соработка и консултации, вклучувајќи ги и малцинските здруженија, граѓанското општество, меѓународни организации. Претставниците на малцинствата едногласно ја поздравија и ја пофали иницијативата на Владата на Албанија и Министерството за Надворешни Работи за подобрување на правната рамка за малцинствата со посебен закон за своите права. Претставници на малцинските организации и граѓанското општество нагласија треба да се признават сите малцинствата и да му се обезбедува правото на образование на мајчин јазик, по веке да се претставуват во јавниот живот, новиот закон ке ги решавање овие прашања.



Претседателот на Македонско друштво Илинден-Тирана,огранок Голо Брдо Ули Халилај



www.ilinden-tirana.com

Почина Цветан Зафир Мазнику 1938-2015

 

7 јануари 2015 година, Тирана, Албанија – На седумдесет и седум годишна возраст, денес во Тирана, на големиот христијански празник Божик, почина Цветан Зафир Мазнику, роден 1938 година во село Клење, Голо Брдо, Албанија едно од 22-те села во оваа област. Основно образование завршил во родното село Клење, а гимназија во градот Драч. Во 1957 година ги започнал студиите на Рударскиот факултет во Лениград, Руската Федерација.

Цветан Мазнику од родното село Клење заминува на четиринаесетгодишна возраст, но длабоко во себе ја понел носталгијата за родното село, кое често за време на својот живот го посетува. Дваесет години работи во рудникот во Подградец, а преостанатиот дел од животот во Тирана, каде што две децении работи на Институтот за истражување на државниот универзитет. Од 1990 година активно започнува да го собира народното творештво од родниот крај, со цел да го остави во наследство на генерациите кои растат и во незаборав.

Татко е на две ќерки и син, со свои семејства, синот, снаата и внуката, за кои со гордост кажуваше дека добро го владеат македонскиот јазик, како и многу други од Албанија, заминале во Италија заради спас од сиромаштијата.

Цветан Мазнику е активен борец за националните права на Македонците во Голо Брдо и во Албанија, а покрај професијата, се посвети на македонските работи и целиот живот е вклучен во борбата за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Еден е од основачите на Политичкото друштво МИР од Тирана. Врз основа на Резолуцијата за обединување на македонските друштва во Република Албанија донесена на 28, 29 и 30 април 2001 година во Пустец на Првата национална конференција на Македонците во Албанија, во организација на Светскиот Македонски Конгрес, на 24 март 2002 година во Тирана се формира Заедница на Македонците во Албанија, која ги обедини сите македонски друштва во Албанија: политичкото друштво МИР од Тирана, Организацијата за правата на Македонците во Албанија друштво Преспа од Пустец, Македонско-егејското друштво МЕД од Врбник, Културното друштво ГОРА од Кукс и Студентското друштво на Македонците во Албанија. За прв претседател на Заедницата на Македонците во Албанија беше избран Цветан Мазнику.

Ќе остане во сеќавање честа која стотина Македонци во Тирана му ја приредија на на 20 април 2003 година во хотелот Албана во Тирана, по повод одбележувањето на неговиот именден на верскиот празник Цветници, 65 роденден и истовремено пензионирањето.

Остатокот од мојот живот ќе го поминам посветен на македонските работи, на собирањето на македонското народно творештво и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија, за интеграција на Македонците во албанското општество и во институциите на власта на Република Албанија – изјави Цветан Мазнику по повод овој јубилеј.

Во септември 2007 година Цветан Мазнику активно се вклучува во протестите против бугаризирањето на македонските цркви во Рерпублика Албанија, поради изјавите на Розалина Попова, аташе за печат и втор секретар во бугарската амбасада во Тирана, која тврдеше дека во селото Гиноец, во областа Голо Брдо, постои стара бугарска црква, наводно изградена од Бугари пред 1.000 години, односно во 911 година. А, всушност, станува збор за македонската црква “Свети Илија“ во село Гиноец, обновена после триесет и две години од забраната на комунистичкиот режим во Албанија.

Според Цветан Мазнику црквичето е изградено врз темелите на старата црква, со донации од Македонци од Албанија и од светот.

Во македонската историографија и особено во фолклористиката, Цветан Мазнику засекогаш ќе остане запаметен со своите значајни дела, шесте тома под заедничкото име “Македонски фолклор“, во коишто заедно со своите најблиски соработници Вита Блаже Која, Митре Стојан Штуку, Вељо Цфарку и Кимет Фетаху, го прибра и обработи големото културно и духовно наследство на Македонците во Република Албанија, богатиот македонски фолклор и традиции од областа Голо Брдо. Првиот том од оваа едиција е насловен “Пословици и поговорки на македонски јазик“, вториот том “Дове, клетви и гатанки“, третиот том “Македонски-Aлбански пословични паралели“, четвртиот том “Пословици, поговорки, пословични и фразеолошки изрази“, петтиот том “Народни песни 1“ и шестиот том “Народни песни 2“. Сите изданија се подготвени и испечатени на македонски јазик и кирилското писмо и на македонски јазик со латиничното писмо.

Шесттомното издание “Македонски фиолклор“ беше промовиран и на Вевчанското културно лето 2014 година. Според Цветан Мазнику и проф.д-р Вита Која, активноста на авторите се одвивала повеќе децении и претставува значаен труд, зашто творбите се запишани од над стотина Македонци. Со тоа, велат, е сочуван автентичниот мелос и мајчиниот македонски јазик од Голо Брдо.

Шестте книги претставуваат вистински драгоцен ѓердан на Македонците и на нивните традиции во Албанија што е уште една потврда за нивното присуство таму. Овој капитален издавачки проект опфаќа над 3.000 поговорки, клетви, благослови и други умотворби од областа Голо Брдо, во издание на Политичкото друштво на Македонците МИР во Тирана.

“Нашиот фолклор е богат, особено литературниот, коде владеат песмите, легендите, поговорките, гатанките, а имаме и лепи ора”, – знаеше да каже Цветан Мазнику, собирач на фолклорот на Македонците во Албанија. Првата книга на Цветан Мазнику содржи 660 поговорки, а објавена е заедно со стихозбирката на Миранда Шутина “На Радуч“, по името на планината Радуч во Голо Брдо.

Откако ја објавил првата книга, Цветан Мазнику уште посериозно се зафатил со собирачката активност, заедно со својот сонародник познат како учителот од Гиноец, Вељо Цфарку. Самиот велеше дека како дете од постарите слушал многу приказни, песни, поговорки и друг материјал, кој подоцна почнал да го запишува, за да го спаси од заборав.

“Заспала Дара преспала“ потекнува од селото Стеблево, “Ја отидов Требишконо“ е од Требиште, од каде што е и “Шеќеро око калешо“, што претставуваат само дел од голобрдските песни, кои од памтивек се пееле и се пеат и денес во Голо Брдо.

На Саемот на книгата “Тирана 2014“ промовирана е книгата “Етнологија на Голо Брдо“ отпечатена на македонски и на албански јазик, којашто претставува документ за постоењето на Македонците во областа Голо Брдо. Книгата е многу значајна зата што многу ќе помогне за пренесување на македонските обичаи, фолклор и традиции на помладите генерации Македонци во Република Албанија. Таа всушност е календар на верските празници кои ги славеле и се уште ги слават Македонците во Голо Брдо со многу обичаи, верувања, легенди и раскази. Книгата “Етнологија на Голо Брдо“ претставува продолжение на ракописот на поп Тодор и неговиот син Ванѓел Плеушкоски, кои за жал поради смрт не успеале да го завршат ракописот. Благодарение на пожртвуваноста на Цветан Мазнику, Вита Која и Митре Шутку, ракописот е дополнет и испечатен. Печатењето на оваа книга е помогнато од повеќе познати Македонци во Албанија, кои како што изјавија го исполниле аманетот на поп Тодор, кој и покрај забраната и лежењето во затвор за време на комунистичкиот период, не се откажал од проповедта, крштевките и венчавките на Македонците што во Голо Брдо ги вршел тајно.

Во родното Клење, како и меѓу сите Македонци во Република Албанија и во светот, но и во историската меморија на неговата сакана Македонија, името на Цветан Мазнику засекогаш ќе остане како патоказ за идните генерации, како се сака и колку самопрегорно се работи за својот народ.

Повеќепати беше пратеник на Генералното собрание на Светскиот Македонски Конгрес, со чијашто одлука доделено му е највисокото семакедонско признание почесната титула Македонски Сенатор.

По повод смртта на Цветан Мазнику, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров во името на Македонците во целиот свет упати телеграма на сочуство до семејството Мазнику, Политичкото друштво МИР во Тирана, Македонската заедница во Албанија, Македонската партија во Албанија и Македонското друштво “Илинден” во Тирана.

Бог да го прости и вечна му слава, сполај ти чичко Цветан!


www.ilinden-tirana.com