Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија
По повод одбележувањето на 15- годишнината од формирањето, Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија, му додели благодарница на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден”- Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник.
Благодарницата ми се доделува за долгогодишната соработка, помош и подршка на здружението и промовирање на Македонците од Србија во Македонскиот весник „Илинден”-Тирана. Голема благодарност до управата на Здружението на Македонците “Даме Груев” и посебно до Славе Груевски, претседателот на здружението, рече Ѓурѓај.
На здружението, додаде, од мое и од име на Македонците во Албанија, му посакувам понатамошни успеси во промоцијата на нашинците во Република Србија.
На одбележувањето Груевски поднесол извештај за активностите на здружението, оценувајќи меѓу другото дека
” здружението е само уште еден бисер во ѓерданот наречен македонска заедница во Србија, македонско национално малцинство, македонски исленици во странство”.
Основната мисија за формирање на нашето здружение беше и останува, дружење на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравичкиот округ, негување на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот, додал тој , објави весник “Илинден”.
Оценил дека добрата соработка на здружението со “локалната самоуправа од Горњи Милановац и со збратимените градови од Македонија, на најдобар начин ги потврдила добрите односи помеѓу Македонија и Србија”.