Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации но за жал во 21 век само во Преспа имаат право на овразование на мајчин македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај