Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му врачи Благодарница “Илинден” на Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана

Во просториите на македонската амбасада во Тирана, претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска му врачи Благодарница на Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор, што друштвото му ја додели по повод 16-годишнината од формирањето.

Ми беше посебна чест и задоволство во името на нашето друштво и во името на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја8 предадам Благодарницата “Илинден” на  вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу, рече Ѓурѓај.

Додава дека признанието му се доделува за неговиот  особен  придонес и заслуги за друштвото и македонското национално малцинство.

На врачувањето на признанието присуствуваше Радмила Стојмировска прв секретар во македонската амбасада во Тирана и Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Исто така Ѓурѓај, кој е главен и одговорен уредник на весникот “Илинден” на амбасадата и донира примероци од последното издание.

Македонското друштво “Илинден”- Тирана чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет во Република Албанија, е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана.