Македонското друштво „Илинден“-Тирана издаде брошура со сите резолуции изглaсани од ФУЕН по повод Светскиот ден на човековите права

По повод Светски ден на човековите права од печат излезе брошура со сите резолуции од македонското друштво „Илинден“-Тирана изглaсани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во брошурата се сместени сите досега поднесени и изгласани резолуции, и истата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик. Имајќи го во предвид фактот што оваа брошура излегува за првпат, а особено што е испечатена тријазично, веруваме дека ќе одговори на секој заинтересиран за темата која се обработува во неа и ќе ги најде најосновните информации. Брошурата е отпечатена во тираж од 200 примероци. Македонското друштво „Илинден“- Тирана упатува благодарност до г. Александар Пасков од Швајцарија за помошта со која се реализира печатењето на оваа брошура.