Ознака: <span>Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)</span>

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај во рамките на ФУЕН, конгресот учествуваше на состанок на работната група на словенски малцинства

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржува во Хелсинки, Финска, денеска учествуваше на работен состанок на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН.

„Во името на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, имав презентација за Македонците во Република Албанија“, рече Ѓурѓај.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер

Фото: Македонски весник “Илинден“

Фото: Македонски весник “Илинден“

Фото: Македонски весник “Илинден“

Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер се заблагодари за успешното организирање на семинарот во Тирана од страна на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Семинарот во Тирана беше еден од најбројните и претставуваше значајна промоција на македонското национално малцинство. Токму семинарот и активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана беа во фокусот на денешниот состанок, кој традиционално се организира во рамките на секој конгрес на ФУЕН.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенски малцинства.

Во Работната група на словенски малцинства од Европа членуваат 32 организации, кои се рамноправни членки на ФУЕН.

Продолжува во Тирана 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Во Тирана продолжува 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Претставници на словенските малцинства од 20 организаци со 40 преставници од 11 држави Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија, Словачка.

Денска семинарот продолжи со посета на Парламентот на Република Албанија, се одржа панел дискусија: „Западен Балкан и неговите национални малцинства на патот кон ЕУ“ со Модератор: д-р Хартмунт Лајпнер, претседател на Работната група за словенски малцинства (АГСМ) и потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на панел дискусија учество зема Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец, Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Дејан Чулафиќ, предавач на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ Скадар, Ентела Бињаку, директор на фондацијата  „Хариет Мартино“, припадник на Влашкото национално малцинство во Албанија.

Истовремено, се дискутираше за работата на работната група на словенски малцинства (АГСМ). На крајот се одржа гала вечера 30 години работната група на словенски малцинства (АГСМ) пристапи и македонска музичка група „Бајрами“ од село Орешек областа Гора.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред единаесет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие единаесет години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонско друштво “Илинден“-Тирана да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Ова едогласно е одлучено на 28. семинар на работната група на словенските малцинства што се одржува во Горица, Италија, во чија работа учествува и Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ова е многу значаен, би го оценил историски ден за Македонците во Република Албанија. Нашето друштво за првпат во 2026 година, ќе биде организатор и домаќин, на семинарот на работната група на словенските малцинства (АГСМ)  при ФУЕН, настан што се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство во Европа. За нас тоа е голема чест и секако вреднување на нашата активност, изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Групата е основана во 1996 година, во неа членуваат 33 асоциации од цела Европа а од 16 мај 2015 година, кога Македонското друштво “Илинден“- Тирана стана полноправна членка на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) е дел од оваа гупа.

На семинарот и оваа година биле презентирани извештаи за моментната состојба на словенските малцинства во Европа, а биле договорени и идните активности на работната група.

Во тие рамки Ѓурѓај презентирал извештај за положбата на Македонците во Република Албанија и проблемите што ги застегат, како и на активностите на нашето друштво.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше во Горица, Италија на 28 – ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 28 -ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) се одржи од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија.

Настанот беше организиран од ФУЕН во соработка со локалните организации на словенечките малцинства „Свет Словенских Организација“ (SSO), „Словенска културно-господарска ѕвезда“ (SKGZ) и „Словенска Скупност“ (SSk), собирајќи претставници на словенските малцинства од цела Европа.

Покрај другите, во работа на семинарот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. На овој семинар од страна на претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај беше презентиран “Положбата на Македонците во Република Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и проблемите што ги застегат Македонците во Република Албанија.

Главната компонента на семинарот работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) и оваа година беше извештаите за моменталната состојба на словенските малцинства во Европа и нивната дискусија, размената за минатите и идните активности на работната група ја изгласа и нов Претседател на  работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер.

Овогодинешниот семинар се фокусира на состојбата на словенското малцинство во Италија и улогата на прекуграничната соработка во зајакнувањето на правата на малцинствата. Централните теми вклучуваат образование, медиуми, економски развој и видливоста на малцинствата во јавната сфера. Новиот бренд SLOvita на словенечкото малцинство, како и заедничкиот проект „Европска престолнина на културата GO!2025“ во Горица и Нова Горица, ќе послужат како примери за тоа како културните иницијативи можат да ги поддржат малцинските заедници од двете страни на границата.

На семинарот учестуват водечки политички и институционални претставници од Италија и Словенија, меѓу кои и градоначалниците на Горица, Италија и Нова Горица, Словенија, Родолфо Зиберна и Само Турел, Весна Хумар, државен секретар за односи меѓу Словенија и автохтоната словенечка национална заедница во соседните земји, сенаторката Татјана Ројц од италијанскиот парламент и Мија Лорбек, директорка на GO!2025. Нивните придонеси ја истакнат важноста на локалната, регионалната и националната поддршка за политиките за малцинствата.

Програмата, исто така, вклучи тематски придонеси за тоа како меѓународните настани како што се GO!2025 и EUROPEADA 2028 придонесуваат за културната разновидност и го зајакнуваат присуството на малцинските заедници во европскиот јавен живот. Претставници на двете иницијативи, вклучувајќи ја Неда Русјан Бриќ, уметнички директор на GO!2025, и членовите на тимот на EUROPEADA 2028, ќе споделат сознанија за прекуграничната културна соработка.

Покрај дискусиите на семинарот, учесниците се вклучат во локални институции, организации и културни актери на словенечката заедница во регионот, стекнувајќи подлабоко разбирање на нивните секојдневни реалности. Културните активности, вклучувајќи го и традиционалниот концерт „Чецилијанка 2025“ на словенечки хорови.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 33 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа.

Секој од нас имаше кратка презентација и околу проблемите што ние Македонците ги имавме, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 32 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана побара од европратеникот Винче и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија

Македонското друштво “Илинден”-Тирана побара од Лорант Винче, европратеник на Унгарскиот демократски сојуз од Романија и претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), да го поддржи Извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, македонското друштво „Илинден“-Тирана бара да го усвоите Извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија во Европскиот парламент, кој го содржи долгоочекуваното признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет – се наведува во дописот.

Се додава дека „македонскиот јазик и македонскиот идентитет претставуваат рамноправен дел од културното и јазичното милениумско богатство на Европа”.

Исто така се нагласува дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се историски факт во континуитет од пред новата ера до денес и дека „Европскиот парламент има историска должност и одговорност да ја прифати историската вистина како цивилизациска придобивка”.

Македонците во Република Албанија убедени се во вашата поддршка и искажуваат голема благодарност за вашето внимание и одлука. Завршувајќи го овој  кус допис-барање, уште еднаш ви го искажуваме нашето највисоко почитување – се посочува во дописот потпишан од Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Идентично барање Македонско друштво “Илинден”-Тирана испрати и до Европска слободна алијанса (ЕФА).

Федералната унија на европските националности на неколку јазици ја објави Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), ја објави Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Резолуцијата беше предложена од  Македонското друштво “Илинден“-Тирана и едногласно усвоена на 66-от Конгрес што се одржува од 29 септември до први октомври во Берлин, Сојузна Република Германија. Во документот објавен на англиски, германски и руски јазик,  ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија за формирање специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи и бара од комисијата да го поддржи формирањето за формирање општини Голо Брдо и Гора.

Во областа Голо Брдо, претходно постоечките општини сега административни единици,  Требиште и Острени се дел од општина Булќиза, додека Стеблевo е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики. Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на двете областите, стои во документот.

Исто така ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет години од донесувањето на Законот за националните малцинства а до сега не е ништо направено.

Го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија а од  Владата  да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија- изјави за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото “Илинден”.

Додава дека, според одлуката донесена на Конгресот, ФУЕН Резолуцијата  ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малцинства, комесарот за заштита од дискриминација, амбасади и меѓународните институции.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. Тоа е редовен учесник на Конгресите на унијата.

Линк

https://fuen.org/assets/upload/editor/docs/doc_m8FnA9r5_Resolutions_2022_EN_Q.pdf 

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности. “Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам на г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) Благодарницата ”Илинден” доделено во 2020 година на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) поради ковид пандемијата се доделуваше во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин ”, рече Ѓургај. Г-дин Лорант Винце, се заблагодари во името на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), г-дин Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена и високо ценета. Благодарницата ”Илинден” се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Седумгодишно членство на Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, на 16.05.2015 пред седум години, беше примено во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Особена заслуга за нашето членство во ФЕУН има Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонското друштво “Илинден“-Тирана да плати годишната чланарина и да е рамноправен член во ФУЕН, за што изразуваме благодарност. Имено, Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во конгресот на ФУЕН што се одржа на 16.05.2015 година во Комотини, во Грција, во организија на Федерацијата на Западно – Тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир.
Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие седум години на сите конгреси на ФЕУН. Така, бевме присутни и активно партиципиравме во работата на конгрсот во Клуж – Напоча, Романија на 20 мај 2017 година, како и на следниот Леуварден, Холандија, на 23 јуни 2018 година и на последниот конгрес одржан на 15 јуни 2019 година во Братислава, Словачка и за 2020 – 2021 година поради пандемијата со COVID-19, собранието беше организирано и реализирано на интернет.
На сите конгреси Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите меѓународни институции кои се поврзани со малциствките проблеми, како и во државните инситуци на Република Албанија. Колку и дали овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија ќе биде следниот чекор кој ќе го преземеме на следниот конгрес на ФУЕН.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа, активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до сите членки на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското малцинство во Албанија. Истовремено испраќаме искрени честитки до членовите, соработниците и симпатизерите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана за седумгодишно членство во највисоката малцинска организација во Европа, со желба и натаму јасно и опстојно да работат на интересот и барањата на Македонците во Република Албанија. Да ни се множат јубилеите.