Македонско друштво “Илинден”-Tирана по повод 10-годишнината од излегувањето на првиот број од Македонски весник “Илинден” распишува конкурс за дизајн на лого

Логото треба да ги одразува досегашните активности на Македонски весник “Илинден”, а истото ќе се користи во текот на 2021 година. Во предлогот треба да се содржани основните елементи и тоа: – основни податоци за дизајнерот; – предложеното лого треба да биде компјутерски изработено во висока резолуција; – објаснување на предлог – дизајнот.
Општи услови за учество на конкурсот:
1.Предлог-логото треба да ја изразува концепцијата на 10-годишнината од основањето на Македонски весник “Илинден”.
2.На конкурсот можат да учествуваат средношколци, студенти и професионални дизајнери.
3.Делата мора да бидат оригинални, досега необјавувани а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност.
4.Предлог-логото може да биде од земјата и од странство.
5.Предлозите треба да се достават на е-пошта drustvo.ilinden.tirana@live.com
6.Поднесување на дела од 15 октомври до 15 ноември 2020 година.
7.Поднесените дела ќе бидат објавени на 01 декември 2020 година, а потоа ќе се одржи јавно гласање до 15 декември 2020 година.
8.Победникот ќе го избере комисија за проценка имајќи ги предвид реултатите од гласањето на социјалната мрежа ФБ.
9.Награди: Прва награда Награда “Илинден”, втората награда Благодарница “Илинден”, и третиот сет сувенири од Друштвото.
10.За избраното лого, победникот на конкурсот мора да даде за оригиналност на делото согласно законските прописи, како и изјава за откажување од правото на користење на наменското лого, по што логото станува сопственост на Македонско друштво “Илинден” -Tирана. Македонско друштво “Илинден” -Tирана ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози.