Фатри Фетаху се именува за претседател, Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно своите надлежности на 07. 11. 2021 година донесе одлука:

  1. Фатри Фетаху се именува за претседател на Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година;
  2. Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година.

Фатри Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист во сите настани на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година е подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, а во исто време се јавува и како дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.

Ули Халилај роден е во село Требиште, областа Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Халилај, од 2015 година, е член на Mакедонското друштво “Илинден“- Тирана, активист на македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Во периодот од 2015 до 2021 година ја вршеше претседателската функција на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо. Неговата актовност во Друштвото и надвор од него, а во полза на македонската кауза во Албаија, во 2011 година му го донесе признанието благодарница “Илинден“.

Македонското друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо во периодот од 2021 – 2025 година, ќе работи на реализирање на задачите и проектите почнати во минативе години од активистите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Претседателството и членовите за областа Голо Брдо ќе работат на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и унапредување на положбата на Македонците во областа Голо Брдо.