Tag: <span>2021</span>

Фатри Фетаху се именува за претседател, Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно своите надлежности на 07. 11. 2021 година донесе одлука:

  1. Фатри Фетаху се именува за претседател на Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година;
  2. Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година.

Фатри Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист во сите настани на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година е подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, а во исто време се јавува и како дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.

Ули Халилај роден е во село Требиште, областа Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Халилај, од 2015 година, е член на Mакедонското друштво “Илинден“- Тирана, активист на македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Во периодот од 2015 до 2021 година ја вршеше претседателската функција на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо. Неговата актовност во Друштвото и надвор од него, а во полза на македонската кауза во Албаија, во 2011 година му го донесе признанието благодарница “Илинден“.

Македонското друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо во периодот од 2021 – 2025 година, ќе работи на реализирање на задачите и проектите почнати во минативе години од активистите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Претседателството и членовите за областа Голо Брдо ќе работат на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и унапредување на положбата на Македонците во областа Голо Брдо.

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод дванаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод дванаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

1.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – Политичка партија на Македонци во Република Албанија.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

1.Работна група на словенски малцинства (АГСМ) – Работна група при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

2.Макарцев Максим Максимович – Виш научен соработник во Институт за славистика на Руската академија на науките – Москва, Руска Федерација.

3.Едмонд Османи – Администратор на административна единица Требиште областа Голо Брдо, и потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.       

Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2021 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Албанија.