Ознака: <span>Фатри Фетаху</span>

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата го отежнува секојдневното движење на населението и ја нарушува комуникацијата меѓу двете страни на границата. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара брза интервенција и обезбедување безбеден и непречен сообраќај.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до новата Владата предводена од премиерот Еди Рама да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, на новата Владата предводена од премиерот Еди Рама му посакувa успех и исполнување на предизвици.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара од новата влада да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник се соочуват со сериозни економски и социјални потешкотии и заслужува конкретна и континуирана поддршка од новата Владата.

Проблемот со граничниот премин Требиште – Џепиште, областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година и на седница на владите на Албанија и Македонија одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена била одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана.Сметаме дека е крајно време овој граничен премин да премине во режим на целодневно 24-часовно функционирање, со што значително би се олеснила комуникацијата на жителите од Голо Брдо со Македонија, со која тие секојдневно имаат лични, здравствени, образовни и економски потреби.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараме Владата и министерства да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчинот македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараме Владата да изврши промена на територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до Владата да превземе сериозни мерки во насока на грижа за положбата и правата на македонскиот народ во Република Албанија.

Бараме од Владата, Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде активен глас на малцинствата во Република Албанија.

Истовремено, веруваме дека новата Влада предводена од премиерот Еди Рама ќе работи да се подобрат правата на Македонците во Република Албанија. Ви посакувам успех во работата и во реализацијата на програмата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху оствари средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Фетаху го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. На средбата го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија.

При тоа го актуелизирав прашањето за граничниот премин Требиште – Џепиште, што нашата област ја поврзва со татковината Македонија, а го запознав и со други проблеми со кои се соочува македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите на огранокот и друштвото во цели, изјави Фетаху за Македонски весник “Илинден”. Додава дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Областа Голо Брдо.

Многу отворено разговаравме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во областа Голо Брдо. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, посочува тој.

Фетаху му се заблагодарил на амбасадорот, за како што оценува, непосредната и срдечна средба

Фатри Фетаху се именува за претседател, Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно своите надлежности на 07. 11. 2021 година донесе одлука:

  1. Фатри Фетаху се именува за претседател на Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година;
  2. Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година.

Фатри Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист во сите настани на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година е подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, а во исто време се јавува и како дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.

Ули Халилај роден е во село Требиште, областа Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Халилај, од 2015 година, е член на Mакедонското друштво “Илинден“- Тирана, активист на македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Во периодот од 2015 до 2021 година ја вршеше претседателската функција на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо. Неговата актовност во Друштвото и надвор од него, а во полза на македонската кауза во Албаија, во 2011 година му го донесе признанието благодарница “Илинден“.

Македонското друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо во периодот од 2021 – 2025 година, ќе работи на реализирање на задачите и проектите почнати во минативе години од активистите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Претседателството и членовите за областа Голо Брдо ќе работат на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и унапредување на положбата на Македонците во областа Голо Брдо.