vestimk

Билатералната соработка меѓу Агенциите за цивилно воздухопловства на Република Македонија и Албанија

Висока делагација предводена од директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Горан Јандреоски на 22.11.2016 година во Тирана оствари средба со колегите од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Албанија под раководство на директорот Фламур Челај. На средбата на која присуствуваа над 50 раководители на сектори,инспектори, вајцата директори ја нагласија потребата од зајакнување на соработката на двете институции на билатерална и регионална основа за проекти и прашања кои значат подигнување на капацитетите и функционалноста на Агенциите чија основна цел е обезбедување,брзо,ефикасно,сигурно и економски просперитетно цивилно воздухопловство во функција на домашната и меѓународна воздухопловна индустрија но и во интерес на патувачката јавност. На состанокот директорот на албанската АЦВ,Челај,од Јандреоски како прв човек на македонското цивилно воздухопловство побара поддршка за реализација на идејата за отворање на регионална канцеларија на ЕАЅА во Тирана која според него би била од витален интерес за инспекторискиот и техничкиот персонал не само за албанските воздухопловни авторитети туку и за кадрите и капацитетите на земјите од регионот. Отворањето на регионална канцеларија на Европска агенција за воздухопловна безбедност во Тирана според Челај, значително ќе влијае и на зајакнување на соработката меѓу земјите од регионот не само со ЕАЅА туку и со останатите меѓународни организации надлежни за регулација на цивилните воздухопловства во Европа и светот. Средбата меѓу Јандреоски и Челај преставува само континуитет на регионалната соработка на земјите од Западен балкан во делот на развојот и регулацијата на цивилниот воздушен сообраќај.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Никола Ѓурѓај: Законот за малцинствата е еден од условите за влез на Албанија во ЕУ

Расте притисокот на меѓународниот фактор врз Тирана за усвојување на Законот за малцинствата во кој гледаме дефинитвно решавање и на проблемите на Македонците во Албанија. Усвојувањето на овој закон е еден од петте услови што Брисел и го постави на Албанија за нејзина интеграција во Европската Унија“ изјави за Макфакс лидерот на Македонското друштво “Илинден” со седиште во Тирана Никола Ѓурѓај кој воедно е и главен уредник на весникот “Илинден“.

Ѓурѓај во интервју за Макфакс подвлекува дека расте оптимизмот кај Македонците и другите малцинства во Албанија дека многу скоро Собранието на Албанија ќе го усвои законот со кој се очекува во земјата да се почитуваат сите конфенции со кои се определуваат правата на малцинствата во една земја .
„Во Албанија пред извесно време се организираше една конференција за малцинствата, во организација на Комитетот за малцинства со присуство и на претставници на ЕУ но и Американскиот амбасадор“, вели Никола Ѓурѓај, додавајќи дека на конференцијата сите претставници на малцинствата побарале итно донесување на законот за малцинства.

„Ветено е дека тоа официјална Тирана ке го стори и тоа многу брзо. Усвојувањето на законот е еден од петте услови што ги има поставено ЕУ на Албанија за нејзино интегрирање“, истакнува Ѓурѓај, кој очекува овој закон да ги надмине проблемите и на Македонското малцинство кое живее во повеќе делови на Албанија.

Лидерот на Македонско друштво “Илинден“ – Тирана како главни проболеми кои треба да се решат во Албанија ги потенцира образованието за сите Македонци каде тие живеат, потоа програми на државната радио телевизија на македонски јазик како и добивање на сите други права кои се предвидени со конфенцијата за правата на малцинствата . Запрашан во врска со значењето на весникот “Илинден“ во Тирана тој вели дека сега весникот излагува и се доставува до сите населени места и градови каде има Македонци.

„Имавме многу проблеми околу печатењето на весникот но сега тоа е минато. Весникот информира за сите активности на Македонците во Албанија и за активностите на здружението и се онаа што е во центарот на вниманието во Македонија и Албанија . Тој весник ја постигнува целта, а тоа е информирање на Македонците во Албанија на нивниот јазик и кирилично писмо. Тој е мошне центет и баран весник од страна на македонците во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врник, Тирана, Елбасан , Драч, Билишта и други места во Албанија“, вели Ѓурѓај.

Кога станува збор за активноста на Макеонско друштвото “Илинден“ подвлекува дека тоа ги организира Македонците, но исто така и организира и промоции на објавени кнги од страна на Македонците во Албанија за нивните традиции, живот публикации на македонците во други сфери. Никола Ѓурѓај кој е и добар аналитичар на состојбите во Албанија, нагласува дека Македонците во оваа држава со особен интерс ги следат и случувањата во Македонија . “Ние како Македонци во Албанија, посакуваме во Македонија да има добри избори бидејки посакуваме Македонија да биде просперитетна. Ние се радуваме кога Македонија напредува“ истакна Ѓурѓај за Макфакс.

www.makfax.com.mk

Благодарност до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Репблика Албанија, имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото. Воедно Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари.



www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со игуменот на Бигорски манастир

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 13.11.2016 година во Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител – Деабр, Република Македонија оствари средба со игуменот на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител архимандрит Партениј. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, го информира игуменот на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител архимандрит Партениј за активностите на друштвото и му подари книги и весник ”Илинден”. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка игуменот на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител архимандрит Партениј му подари икона Св.Никола на Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител.


 

 

www.ilinden-tirana.com

Aмбасадорот на САД во Тирана го посети Државниот Комитет за Национални Малциства

Прашањето за третманот на малцинствата во Албанија беше дел од денешната работна агенда на амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу тој се сретна со претседателката на Државниот Комитет за национални малцинства Константина Бежани со цел да се запознае со текот на подготовката на законот за малцинства. Амбасадорот Ли на средбата со членовите на Комитетот кои се петставници на сите етнички заедници кои живеат во Албанија беше информиран за состојбата со малцинствата за новните проблеми во областа на образованието и локалната власт како и за други прашања поврзани со припадниците на малцинските заедници. Тој од своја страна понуди поддршка за надминување на проблемите на малцинствата. За состојбата на припадниците на македонското малцинство говореше членот на Комитетот Нико Китани. Инаку почитувањето на правата на малцинствата е еден од петте клучни приоритети за отворање на преговорите за членство на Албанија во Европската унија. По силните притисоци од меѓународната заедница и албанскиот народен правобранител албанската Влада одлучи да подготи закон за малциснтва.


 

www.ilinden-tirana.com

Честит 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борб

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба. Да е вечен македонскиот револуционерен идеал да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо 
Претседател г-дин Ули Халилај



 

 

www.ilinden-tirana.com

Барање до Федералната Унија на Европските Националности страната www.fuen.org да биде на македонски

 

 

Во име на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија ви се заблагодаруваме за несебичната соработка и поддршка. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана како рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) чувствува потреба да се обрати до Федералната унија на европските националности информациите на нивната веб страна www.fuen.org да биде и на македонски јазик. Доколку има и ваше расположение за ваква интервенција на вашата веб страна ќе овозможите вашите информации да бидат достапни за поголем број на читатели а со тоа и поголем круг на ваши консументи. Во таа насока е и нашето задоволство од постигнатите успеси на македонското национално малцинство во Албанија во директна соработка со Федералната Унија на Европските Националности.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај



www.ilinden-tirana.com

Барање до Федералната Унија на Европските Националности страна www.fuen.org да биде и на македонски

 

 

Во име на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија ви се заблагодаруваме за несебичната соработка и поддршка. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана како рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) чувствува потреба да се обрати до Федералната унија на европските националности информациите на нивната веб страна www.fuen.org да биде и на македонски јазик. Доколку има и ваше расположение за ваква интервенција на вашата веб страна, ќе овозможите вашите информации да бидат достапни за поголем број на читатели, а со тоа и поголем круг на ваши консументи. Во таа насока е и нашето задоволство од постигнатите успеси на македонското национално малцинство во Албанија, во директна соработка со Федералната Унија на Европските Националности.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана честита победата на македонската младинска фудбалска репрезентац

Македонско друштво “Илинден”-Тирана честита победата на македонската младинска фудбалска репрезентација која се пласираше на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува успех на Европското првенсто.
Напред Македонија!“



www.ilinden-tirana.com

Митрополитот Кумановско-Осоговски г. Јосиф средба со Архиепископот на Албанска Православна Црква

На 10 октомври 2016 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-Oсоговски г.Јосиф во архиепископската резиденција во Тирана, оствари средба со Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.Анастасиј а потоа ја посети Духовната академија “Воскресение Христово“ во манастирот на свети Власиј во Драч каде беше пречекан од Неговото Преосвештенство, Епископот на Билис г.Асти, викар на Албанскиот Aрхиепископ.Со благослов на Неговото Блаженство архиепископот г.Анастасиј во академијата студира дипломираниот богослов Теофил Гроздановски, како прв студент од Република Македонија.

 

 


www.ilinden-tirana.com