Aмбасадорот на САД во Тирана го посети Државниот Комитет за Национални Малциства

Прашањето за третманот на малцинствата во Албанија беше дел од денешната работна агенда на амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу тој се сретна со претседателката на Државниот Комитет за национални малцинства Константина Бежани со цел да се запознае со текот на подготовката на законот за малцинства. Амбасадорот Ли на средбата со членовите на Комитетот кои се петставници на сите етнички заедници кои живеат во Албанија беше информиран за состојбата со малцинствата за новните проблеми во областа на образованието и локалната власт како и за други прашања поврзани со припадниците на малцинските заедници. Тој од своја страна понуди поддршка за надминување на проблемите на малцинствата. За состојбата на припадниците на македонското малцинство говореше членот на Комитетот Нико Китани. Инаку почитувањето на правата на малцинствата е еден од петте клучни приоритети за отворање на преговорите за членство на Албанија во Европската унија. По силните притисоци од меѓународната заедница и албанскиот народен правобранител албанската Влада одлучи да подготи закон за малциснтва.


 

www.ilinden-tirana.com