Барање до Федералната Унија на Европските Националности страна www.fuen.org да биде и на македонски

 

 

Во име на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија ви се заблагодаруваме за несебичната соработка и поддршка. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана како рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) чувствува потреба да се обрати до Федералната унија на европските националности информациите на нивната веб страна www.fuen.org да биде и на македонски јазик. Доколку има и ваше расположение за ваква интервенција на вашата веб страна, ќе овозможите вашите информации да бидат достапни за поголем број на читатели, а со тоа и поголем круг на ваши консументи. Во таа насока е и нашето задоволство од постигнатите успеси на македонското национално малцинство во Албанија, во директна соработка со Федералната Унија на Европските Националности.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

www.ilinden-tirana.com