Билатералната соработка меѓу Агенциите за цивилно воздухопловства на Република Македонија и Албанија

Висока делагација предводена од директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Горан Јандреоски на 22.11.2016 година во Тирана оствари средба со колегите од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Албанија под раководство на директорот Фламур Челај. На средбата на која присуствуваа над 50 раководители на сектори,инспектори, вајцата директори ја нагласија потребата од зајакнување на соработката на двете институции на билатерална и регионална основа за проекти и прашања кои значат подигнување на капацитетите и функционалноста на Агенциите чија основна цел е обезбедување,брзо,ефикасно,сигурно и економски просперитетно цивилно воздухопловство во функција на домашната и меѓународна воздухопловна индустрија но и во интерес на патувачката јавност. На состанокот директорот на албанската АЦВ,Челај,од Јандреоски како прв човек на македонското цивилно воздухопловство побара поддршка за реализација на идејата за отворање на регионална канцеларија на ЕАЅА во Тирана која според него би била од витален интерес за инспекторискиот и техничкиот персонал не само за албанските воздухопловни авторитети туку и за кадрите и капацитетите на земјите од регионот. Отворањето на регионална канцеларија на Европска агенција за воздухопловна безбедност во Тирана според Челај, значително ќе влијае и на зајакнување на соработката меѓу земјите од регионот не само со ЕАЅА туку и со останатите меѓународни организации надлежни за регулација на цивилните воздухопловства во Европа и светот. Средбата меѓу Јандреоски и Челај преставува само континуитет на регионалната соработка на земјите од Западен балкан во делот на развојот и регулацијата на цивилниот воздушен сообраќај.

 

 

www.ilinden-tirana.com