vestimk

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо пред да почнат врнежите од снег. Бидејќи граничниот премин работи со ограничено време и им создаваше големи проблеми во комуникацијата во областа Голо Брдо.

Комесаријатот за заштита од дискриминација на Албанија објави видео повик на македонски јазик (ВИДЕО)

Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија објави видео запис на македонски јазик, во кое се посочува каде и како може да се јави секој Македонец кој смета дека е дискриминиран врз основа на националност. Текстот на македонски јазик го кажува младата Сабина Џелили, по потекло од Голо Брдо а живее во Елбасан. Таа е член на македонското друштво „Илинден“-Тирана. Исто така текстот е титлуван на македонски а на објавата истиот е преведен на албански и на англиски јазик. Јас сум Сабина Џелили, припадник на македонското малцинство. Нашето право да зборуваме на мајчин јазик и да ги почитуваме нашите традиции и обичаи е гарантирано со закон во Република Албанија. Доколку сметате дека сте жртва на дискриминација заснована на националност, упатете ја вашата жалба до Комесарот за заштита од дискриминација,вели Џелили. Додава дека може да се јават на бесплатниот телефонски број 08 000 606 , по електронска пошта info@kmd.al или пополнувајќи го образецот за жалба. Вакви видео записи се подготвени на јазиците на малцинствата кои се признати во Албанија а прво објавено е видеото на македонски јазик.

Благодарност до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Албанија. Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото. Воедно, Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана издаде брошура со сите резолуции изглaсани од ФУЕН по повод Светскиот ден на човековите права

По повод Светски ден на човековите права од печат излезе брошура со сите резолуции од македонското друштво „Илинден“-Тирана изглaсани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во брошурата се сместени сите досега поднесени и изгласани резолуции, и истата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик. Имајќи го во предвид фактот што оваа брошура излегува за првпат, а особено што е испечатена тријазично, веруваме дека ќе одговори на секој заинтересиран за темата која се обработува во неа и ќе ги најде најосновните информации. Брошурата е отпечатена во тираж од 200 примероци. Македонското друштво „Илинден“- Тирана упатува благодарност до г. Александар Пасков од Швајцарија за помошта со која се реализира печатењето на оваа брошура.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод празникот Свети Климент Охридски

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македоци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем хрисијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата.Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност. Ваквите негови доблести нека бидат пример за секој од нас посебно во ова време на пандемија со Ковид-19,за да се избориме со овој невидлив, опасен непријател и да продолжиме кон подобра иднина, се наведува во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето на Албанија

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Ѓурѓај: Учестуваше преку интернет на годишниот семинар на работната група на словенските малцинства во ФУЕН

Работната група на словенските малцинства во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), 23-от семинар на словенските малцинства во Европа требаше да се одржи во септември оваа година меѓу Молизе – Хрватите во југоисточниот италијански регион Молизе, но како и многу други настани, новиот коронавирус го спречи. Словенските малцинства од цела Европа се согласија дека треба да се сретне, дури и ако тоа е возможно само виртуелно во моментот. Во четвртокот, 19 ноември 2020 година, повеќе од 25 претставници на словенските малцинства, експерти и вработени во ФУЕН се состанаа на првиот онлајн семинар на РГСМ.

Ангелика Млинар, претседател на работната група на словенските малцинства (РГСМ) во ФУЕН и потпреседатлека на ФУЕН ја отвори состанокот и ја претстави агендата. Во резимето на 2020 година, може да се види дека зад РГСМ е многу активна година. Со новата брошура, која ги опишува сите словенски членови на ФУЕН, РГСМ направи многу важна работа за односи со јавноста. Брошурата, која исто така беше отпечатена оваа година, треба да биде преведена и на други словенски јазици. Новиот веб-портал РГСМ исто така беше важен чекор кон повеќе присуство во јавноста.

Ева Пензес, генерален секретар на ФУЕН ја сумираше успешната ФУЕН 2020 година. Било да е тоа сослушување на МСПИ во Европскиот парламент или бројни други проекти и активности на ФУЕН, што во суштина требаше да се одвиваат преку Интернет. Се надеваме дека наскоро ќе можеме повторно да ги поврземе и мрежиме малцинствата преку настани.

Покрај другите, во работа на состнаокот преку интернет учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН.

Членовите на РГСМ беа во можност да пријават дека сакаат да се борат против времето на пандемијата со многу посветеност, мотивација и креативност. Така, споделени се некои идеи кои, и покрај многуте ограничувања, сепак покажуваат дека припадниците на малцинството сакаат да останат активни. Некои го прават ова со онлајн состаноци, размена на книги, радио концерти, театарски претстави на Интернет итн. На состанокот исто така беше едногласно одлучено дека семинарот треба да се одржи во Молизе повторно во 2021 година.

На состанокот, Крег Вилис, помлад истражувач во Европскиот центар за малцински прашања (ECMI), исто така, даде главна тема на „Иницијативата за малцински безбеден пакет и основен приход ширум ЕУ: комбинација за решавање на малцински проблеми?“. Во своето предавање тој се повикува на својата научна статија, каде истражува за воведување на основниот договор во цела ЕУ и ефектите врз иницијативата за малолетничка спакета иницирана од ФУЕН. Според неговата теза, воведувањето на основен приход може да има и позитивни ефекти врз припадниците на малцинството особено во руралните области. Виртуелната платформа Voiceboxer понуди одлична можност за одржување на семинарот на повеќе јазици и со тоа овозможи 4 јазици (англиски, германски, руски и хрватски) со истовремени толкувачи.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана г-дин Ламбе Шатровски го назначи за генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија г-дин Ламбе Шатровски

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 24.11.2020 година донесе одлука да назначи за генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија г-дин Ламбе Шатровски. Г-дин Ламбе Шатровски е роден во Пасинки областа Голо Брдо, Основно заврши во родното место гимназиско образование има завршено во Скопје. Од 2010 година г-дин Ламбе Шатровски е член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана и од 2015 година дописник на Македонски весник “Илинден”, активист на Македонско национално малциство во Албанија. Во 2020 година е добитник на Благодарницата “Илинден” по повод 10 годишнината на Друштвото. Македонското друштво “Илинден“- Тирана и посакува успех како генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија.