vestimk

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод дванаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод дванаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

1.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – Политичка партија на Македонци во Република Албанија.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

1.Работна група на словенски малцинства (АГСМ) – Работна група при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

2.Макарцев Максим Максимович – Виш научен соработник во Институт за славистика на Руската академија на науките – Москва, Руска Федерација.

3.Едмонд Османи – Администратор на административна единица Требиште областа Голо Брдо, и потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.       

Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2021 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Албанија.

Се одбележуваат 149 години од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, Република Македонија во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, реагира поради тоа што Министертвото за култура на Албанија, не прифати проект предложен од Македонско друштво „Илинден“-Тирана “Фоклорен фестивал на македонското малциство во Албанија”. Македонското друштво Илинден -Тирана, реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура и истакнуваат дека треба да добијат финансиска поддршка од државата за реализирање на нивни проекти. Покрај тоа, Македонците истакнуваат дека се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема, стои во реакцијата. Посебно се нагласува дека Друштвото на конкурсот аплицирало со проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“, што е исклучително значаен проект за македонската заедница во Албанија, но оти истиот не е подржан. Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија,се наведува во реакцијата. Се додава дека повикот бил објавен од Министертвото за култура на 03 декември 2020 и траел до 08 јануари 2021.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина седум години од териториалната поделба и нема просперитет за регионите Голо Брдо и Гора

После седум години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За еден извод се патува два часа, а снабдувањето со храна и лекови и натаму тешко се остварува. Во 2014 година Владата бројот на општините од 385 го намали на 61, иако опозицијата тогаш бараше нивниот број да изнесува најмалку 80! Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа. И покрај барањата на Македонската заедница во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора! Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на македонските општини го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Владата да предложат изменување и дополнување на Законот за општините со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на општи непосредни и тајни избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми.                                                                                                         

Македонско друштво „Илинден”-Тирана ги повика Македонците од Гора масовно да ја подржат партијата „Единствена горанска партија“

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го подржава „Единствена горанска партија“ на предвремените парламентарни избори во Косово што ќе се одржат на 14 фебруари 2021 година. „Единствена горанска партија“ настапува со своја кандидатска листа, ја имате таа мозност и среќата да гласате за партијата која се залага за вашите права и се бори да се зачува корени, јазикот и индентитет, и посакуваме успеси на „Единствена горанска партија“ и лидерот на партијата Адем Хоџа за сите напори што ги прави за областа Гора. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите жители на областа Гора независно од политичката припадност, да излезат масовно и да гласат за „Единствена горанска партија“ на престојните парламентарни избори за да добијат свој пратеници.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба, се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивни исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник,Ваше Блаженство. Бог се јави

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2021 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

Честитка за Божик од Македонското друштво „Илинден”-Тирана

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски Г.г. Стефан и до сите православни верници. Дозволете од мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонци кои живат во Албанија, Вам лично, на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Мир божји, Христос се роди,- стои во честитката на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Сара Џелили е член на Mакедонско друштво „Илинден“- Огранок Голо Брдо учестуваше на литературниот конкурс „Јазикот на душата“

Сара Џелили учестуваше на литературниот конкурс „Јазикот на душата“ во рамките на проектот „Творам за Македонија“ – Фондација Никола Кљусев, на ниво на средни училишта од Република Македонија. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сара Џелили потекнува од с. Требиште, областа Голо Брдо, а живее во Елбасан, Албанија. Таа е ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и е еден од степендистите на Владата на Македонија. Сара Џелили е член на Mакедонско друштво „Илинден“- Огранок Голо Брдо и дописник на Македонски весник „Илинден”. Во 2019 година тата е добитник на Благодарница “Илинден” за особен придонес за Македонското национално малциство во Албанија и придонес за Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана

 

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2021

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2021 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“ – Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај.