Author: nenad

Македонско друштво „Илинден“-Тирана му го чеситаше изборот за пратеник на Адем Хоџа

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, упати честитка до лидерот на „Единствена горанска партија“,Адем Хоџа,за неговиот избор за пратеник во новиот косовски законодавен дом. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, и името на Македонското национално малциство во Албанија. Ви честитам изборот за пратеник во Косовското Собрание. Имате огромна поддршка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана, затоа што напредокот и благодетта на областа Гора претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците од Гора во Репблика Косово. Ви посакувам голем успех, и убави дела, честа и достоинственоста да те следат и да се постојано со вас. Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија и Владата на Македнија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо пред да дојде зимскиот период. Бидејќи граничниот премин работи со ограничено време и им создаваше проблеми во комуникацијата. Со ова ќе му се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива областа Голо Брдо.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана побара од Албанија на македонскиот културено-информатвен центар

Македонско друштво „Илинден“-Тирана во име на Македонците во Републка Албанија ги повка повика Владата што побрзо да го достави до Собранието на Албанија потпишаниот договор меѓу Македонија и Албанија за отворање на македонскиот културено-информатвен центар во Тирана заради негова ратифкација. Го изразуваме нашето незадоволство бидејќи и по шест месеци од потпишувањето на Договорот меѓу двете држави документот не е ратификуван. Ја повикуваме Владата на премиерот Еди Рама под итно да го испрати Договорот за ратификација во Парламентот а од претседателот на Парламентот Грамоз Ручи веднаш да го стави на дневен ред. Сметаме дека со отворањето на Македонскиот културен центар во Тирана, е многу важен за блатералните односи и дополнително ќе ја унапреди соработката меѓу двете држави, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Се додава дека со отворањето на центарот ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.

Македонците бараат своја редакција во албанската државна радио телевизија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во име на Македонците во Република Албанија достави барање до државната радио-телевизија да биде формирана редакција на македонски јазик. Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара од албанската радиотелевизија да има и редакција на македонски јазик, како што има на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и земено во предвид и оти набрзо ќе има редакција и на македонски јазик,стои во барањето до генералниот директор Тома Глчи. Кусо се додава дека мисијата на друштвото е заштитата на етничкиот, културниот и верскиот идентитет, зачувувањето на јазикот и образованието на мајчин јазик на македонското национално малцинство Република Албанија. Вториот канал на албанската државна телевизија, на 25 септември пред две години за првпат почна со емитување емисија на јазиците на малцинствата,вклучувајќи ги и емисиите на македонски јазик. Освен информативаната емисија-вести, се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои се промовираат и се афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите останати вредности на малцинствата. Емисијата на македонски јазик се емитува секој ден, од понеделник до петок, 20:30 – 21:00 часот. Од полчасовниот термин 5 – 7 минути се отстапуваат за вести а во останатите минути се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, традиција, обичаи.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана почна кампања „Главата горе-изјасни се дека си Македонец“

Како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, македонското друштво „Илинден“-Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се. Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа. Но и тие доколку решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право. И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, сеуште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава Ѓурѓај. Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија. Освен што ги повикуваме да се изјаснат слободно тоа што се, нагласува Ѓурѓај, ќе работиме и на зачувувањето на нашиот идентитетот, културата, традициите, историјата и обичаите. Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го подржава „Единствена горанска партија“ на Косово

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го подржава „Единствена горанска партија“ на парламентарните избори, во Косово што ќе се одржат на 6 октомври 2019 година. „Единствена горанска партија“ настапува со своја кандидатска листа, ја имате таа мозност и среќата да гласате за партијата која се залага за вашите права и се бори да се зачува корени, јазикот и индентитет, и посакуваме успеси на „Единствена горанска партија“ и лидерот на партијата Адем Хоџа за сите напори што ги прави за областа Гора. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите жители на областа Гора независно од политичката припадност, да излезат масовно и да гласат за „Единствена горанска партија“ на престојните парламентарни избори за да добијат свој пратеници.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја поддржува Резолуцијата усвоена на Конгресот на МАЕИ

Македонско друштво „Илинден” од Тирана, ја поддржува Резолуцијата за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија,усвоена на третиот конгрес на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграцја (МАЕИ), одржан на 7 септември во Тирана. Делегатите на третиот Конгрес на МАЕИ, со изгласувањето на Резолуцијата за унапредување на положбата,правата и слободите на Македонците во Република Албанија останаа доследни на барањата за почитување на правата на Македонците во Република Албанија,за што во континуитет се залага и друштвото „Илинден“, стои во соопштенето на друштвото. Во исто време се бара МАЕИ целосно да се ангажира точките од Резолуцијата да се реализираат и ги повикува Македонците во Албанија „да ја поддржат Македонска алијанса за европска интеграција како единствен пат за остварување на правата на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во цела Република Албанија“. Овој значаен документ, содржи 27 точки во кои се наведени барања за остварување на легитимните права на Македонците а што секако ќе ги оствариме само со тесна соработка меѓу сите нас Македонците во Република Албанија и нивните здруженија,се посочува во соопштението. При тоа се наведуват барањата, кои се содржани во документот, како што е правичната застапеност во органите на државната власт и другите јавни институции, да има загарантирани места во Собранието на Република Албанија за сите малцинства, Собранието на Албанија да донесе нова територијална реформа со цел да се оформат две посебни општини Гора и Голо Брдо, во единиците на локалната самоуправа каде што најмалку 10 отсто од граѓаните се Македонци, службен да биде и македонскиот јазик, образование на сите нивоа на македонски јазик, како и други барања за остварување на легитимните права на Македониците.

Македонско друштво Илинден“-Тирана со свој преставниц учестуваше на работилници за деца

Центарот за информативна поддршка Нов Контакт- Македонија, во периодот од 10-12 септември 2019 година започна со реализација на Проектот ,,Говорот на уметноста” во кој планирани се две работилници за деца и младинци љубители на уметноста за зајакнување на вештини за ликовна уметност, кои се одржуваат во ,,Етно село Кучково„ – Скопје, како и една изложба на слики насликани од учесниците на истите работилници. Особена чест ни преставува големиот интерес за учество на овој проект и тоа на учениците од СОУ ,,Перо Наков” од Куманово, ДСУ ,,Св. Наум Охридски“ – Скопје, студенти од факултетот за Бизнис студии ,,Еуро Колеџ“ – Куманово, како и ученици од повеке Основни училишта од Скопје.

На Проектот ,,Говорот на уметноста” имаше и преставници од македонската дијаспора и од Македонско национално малциство во сосеството и тоа г-ѓа Светлана Босилкова Далевска – Писателка од Германија, г-дин Георги Пасков од Флорида – САД, како и преставнци на Македонското друштво ,,Илинден“-Тирана од Албанија, и тоа: Елса Џелили, Сабина Џелили и Сара Џелили. Проектот се изведува под менторство на ликовен Уметник и хуманист г-дин Живко Поповски – Цветин од Скопје и професор Николина Милиќ од СОУ ,,Перо Наков“ – Куманово, а е координиран од Центарот за информативна поддршка Нов Контакт- Македонија. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија како избран проект од национален интерес во културата за 2019 година.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Васил Стерјовски

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, упати честитка до Васил Стерјовски, по повод изборот за претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Дозволете ми во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“ и од името на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената македонска партија во Албанија. Делегатите на Конгресот,кој ги имаше од сите делови на Албанија, со едногласната подршка, избраа кој ќе ја води (МАЕИ) во наредните четири години,се наведува во честитката. Во исто време се нагласува подршката во напорите што партијата предводена од Стерјовски ќе ги вложува за унапредвање на правата на Македонците и зачувувањето на нивниот национален идентитет. Во вашето справување со предизвиците на Македонците во Албанија, како во остварувањето на нивните легитмни права така и во зачувувањето на македонскиот идентитет, ја имате нашата огромна поддршка. Напредокот и благосостојбата на македонскиот народ во Албанија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет.Ви посакувам голем успех, и убави дела, честа и достоинственоста да Ве следат и да се постојано со Вас. Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.