Author: nenad

Македонско друштво „Илинден“-Тирана упати телеграма со сочувство до премиерот Рама

Македонското друштво„Илинден“-Тирана, од име на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот премиер Еди Рама, во која се искажува и солидарност со настраданите,која Македонците веќе ја потврдија. Господине премере, во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и до семејствата на загинатите во земјотресот. Во исто време испорачувам желби за што побрзо закрепнување на повредените, стои во телеграмата, потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Се искажува жалење за жртвите и за големата материјална штета предвикана од разорниот земјотрес, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември. Сигурен сум дека овие тешки моменти ќе бидат надминати и уште еднаш изразувам поддршка и охрабрување за надминување на оваа состојба. Во овие тешки моменти срцата на македонското национално малцинство во Република Албанија се со вас, стои во телеграмата. Македонското друштво „Илинден“ веднаш по катастрофалниот земјотрес изрази жалење за згубенте животи и упати апел до Македонците во Албанија и надвор од неа, да се солидаризираат и да покажат хуманост со настрадати под мотото: Биди хуман! Секому може да му се случи! Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се одѕваа во собирањето хуманитарна помош за настаданите,во прехрамбени артикли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, како и финансиски средства.

Македонскотo друштво „Илинден“-Тирана упти телеграма со сочувство до претседателот Мета

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, од мето на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот претседател Илир Мета, во која се искажува и солидарност со настраданите. Во мое лично име, во име на македонското друштво„Илинден“-Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и до семејствата на починатите. Во исто време испорачувам желби за што побрзо закрепнување на повредените,стои во телеграмата, потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Се искажува жалење за жртвите и за големата материјална штета предвикана од разорниот земјотрес, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември. За жал природните непогоди не можат да се контролираат и честопати ни кажуваат колку е кревок човечки живот и колку е ранлив модерниот свет. Сигурен сум дека овие тешки моменти ќе бидат надминати и уште еднаш изразувам поддршка и охрабрување за надминување на оваа криза. Во овие тешки моменти срцата на македонското национално малцинство во Република Албанија се со вас.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28-29 ноември денот на Независноста и на ослободувањето

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28-29 ноември денот на Независноста и на ослободувањето

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана апелира на солидарност со настраданите од земјотресот

Македонското друштво „Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за изгубените животи,како последица од силниот земјотрес што денска ја погоди Албанија. Во исто време наведува дека сочувствува со блиските на жртвите а на повредените им посакува брзо закрепнување. Искажува надеж дека лицата кои се под урнатините ќе бидат навреме извлечени и спасени. Посебна почит искажува кон надлежните структури кои максимално се ангажрани во овие драматични мигови за земјата. Поради огромната материјална штета,што ја причини земјотресот, „Илинден“ апелира на солидарност и хуманост со цел ублажување на состојбата. -Во име на сите Македонци во Албанија апелираме да се донираат средства за помош на настраданите во земјотресот. Биди хуман! Секому може да му се случи!

Во областа Каринтија се одржа ФУЕН семинар на словенските малцинствата од Eвропа

Од 14 до 17 ноември 2019 година во Блејбург, Каринтија, Австрија се одржа семинар на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН). Каринтија може да биде пример за добар соживот меѓу народите во многу погледи – истакна кординаторот на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН) Матиц Гермовшек Жнидаршич. На семинар учестува 30 претставници од 12 држави, кои претставуваат 14 различни словенски малцинства во Европа, семинарот се одржа во општина Блејбург, Каринтија, Австрија каде градоначалникот Стефан Визотшниг на гостите им претстави примерна двојазична општина. Претставниците на словенските малцинства ја запознаа и општината Глобаница. На семинар на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН) што се одржа во Блејбург, Каринтија, Австрија претставници на Работна група на словенски малцинства го избра за Претседател на Работната група г-ѓа Ангелинка Млинар. Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН) број 26 организаци членки: (13 обични членови, 13 здружени членови). Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и од 16. мај 2015 година е дел од Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН)

Македонско друштво „Илинден“-Тирана побара од Албанија на македонскиот културено-информатвен центар

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Собранието на Албанија, итно да го ратификуваат потпишаниот договор меѓу Македонија и Албанија за отворање на Македонскиот културен центар во Тирана, бидеќи поминаа осум месеци од потпишувањето на Договорот меѓу двете држави. Македонско друштво “Илинден“-Тирана смета дека со отворањето на Македонскиот културен центар во Тирана, Албанија дополнително ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 23 Октомври

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба. Да е вечен македонскиот револуционерен идеал да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана остро ги осудува бугарските политичари

Македонско друштво “Илинден”-Тирана остро го осудува недемократското и крајно навредливо однесување на бугарските политичари во однос на македонскиот народ и македонскиот јазик. Со своите барања бугарската држава покажува дека воопшто не го заслужува местото кое го доби во европското семејство, на кое му нанесуваат непотребен срам. Однесувањето на Бугарија во однос на Македонците во Пиринска Македонија исто така е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика кон оние кои не се чувствуваат Бугари во бугарската држава. Македонско друштво “Илинден”-Тирана истовремено ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како Бугари! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и натаму смета дека во Албанија не живеат Бугари, Македонците во Албанија не се Бугари! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за Европската Унија!

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 11-ти октомври денот на востанието

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 11-ти октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, да го почитуваме и славиме овој голем ден. Да живее Република Македонија!