
Денеска на средбата со претставници на македонската заедница во Албанија се согласивме дека Одлуката на Владата на Република Македонија, која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, да отвори генерален конзулат во Корча претставува историски чин за Македонците во Албанија. На овој начин, нашинците кои живеат во Корча, Преспа и Поградец ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски. Поразговаравме за нивните предизвици, конкретни проекти и активности, а се со цел да ги јакнеме врските на македонското национално малцинство со татковината, рече Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски на средбата.
