Ознака: <span>Никола Ѓурѓај</span>

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи почесната награда “Илинден” на Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин на г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната унија на европските националности му ја врачи почесната награда “Илинден”. “Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам почесната награда ”Илинден” на г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната унија на европските националности ”, рече Ѓургај. Г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа со седиште во Витен, Германија и потпреседател на Федералната унија на европските националности ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на Македонско национално малциство во Република Албанија, додека г. Ѓурѓај искажа благодарност за односот и заземањето на Претседателот Халит Хабип Оглу, за Македонците во Република Албанија за време на неговите три мандати како потпреседател на Федералната унија на европските националности, за што и со посебно задоволство ја врачи наградата. Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена и високо ценета. Наградата “Илинден” е воведена по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото. Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Годишен добитник на наградата, беше и г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа со седиште во Витен, Германија, и потпреседател на Федералната унија на европските националности.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Благодарница ”Илинден” доделено во 2021 година на работна група на словенски малцинства (АГСМ) поради ковид пандемијата се додели во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин, рече Ѓургај. Г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, се заблагодари во името на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), г-дин Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена. Благодарницата ”Илинден” се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на работниот состанок на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) му ја врачи и Благодарницата ”Илинден” доделено во 2021 година на работна група на словенски малцинства (АГСМ) поради ковид пандемијата се додели во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 28 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН-Конгресот што се одржа од 29 септември до 2 октовмри 2022 година во Берлин, освари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски. Претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија го посетија штандот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Високите претставници на Централниот совет на Македонците во Германија беа информирани за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. Воедно беа запознати и со активностите на Друштвото, кое со години е активен субјект меѓу Македонците во Република Албанија. Од своја страна, претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија информираа за активностите и положбата на Македонците во Сојузна Република Германија. На срдечниот разговор бил искажан заеднички став од потребата за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Централниот совет на Македонците во Германија за повеќе заеднички активности поврзани со значајни прашања за Македонците на повеќе полиња.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на 66 конгресот на Федералната унија на европски националности во Берлин

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на Конгресот на Федералната унија на европски националности, што се одржa во Берлин од 29 септември до први октомври. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија беа во фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи започне на 29 септември со церемонијата на отворањето во Претставништвото на државата Бранденбург во Берлин. Додава дека по воведните обраќања следуваше сесија на BundesTalks – дискусија со членовите на Бундестагот за малцинските права и панел дискусија на тема “Опстанок и надеж – малцинските заедници во меѓународни, регионални и национални вооружени конфликти”. Конгресот продолжи во хотелот Н4 со панелот: мојот јазик, мојот идентитет за четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски оствариа средба со Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски оствариа средба со Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше г-дин Даријан Сотировски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Низ дискусијата, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на г-дин Даријан Сотировски и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Борче Јовчески градоначалникот на Општина Прилеп

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска  оствари средба со Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Борче Јовчески за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Низ дискусијата, Борче Јовчески покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како градоначалник на Општина Прилеп искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Борче Јовчески и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на Друштвото, Незир Меча му ја врачија почесната награда “Илинден” на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на Ддруштвото, Незир Меча остварија средба со македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски и со тимот на Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Во таа пригода, на амбасадорот му беше врачена почесната награда ”Илинден”. Од своја страна, амбасадорот Марковски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на македонско национално малциство во Албанија. Г-дин Ѓурѓај искажа благодарност за односот и ангажирањето на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски во правец на подобрување на состојбата на Македонците во Албанија. Поради тоа, со посебно задоволство г-дин Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден”. Никола Ѓургај изрази надеж дека досегашната успешна соработка и позитивни релации ќе продолжат и во иднина со македонската Амбасада во Тирана. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу македонското друштво “Илинден”-Тирана и македонската Амбасада во Тирана, Република Албанија. Наградата “Илинден” е воведена по повод јубилејот 10 години постоење на Друштвото. Таа се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Македонското малцинство и матицата чинат неделиво единство

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Како се почитуваат малцинските права на Македонците во Србија, Албанија, Бугарија и во Грција, како наши соседни држави. Споредбата што ја направи нашиот весник открива изненадувачки показатели дека токму Бугарија и Грција, како членки на ЕУ, се оние што не ги почитуваат, односно ги прекршуваат човековите и малцинските права во споредба со другите наши соседи што не се дел од Унијата

Малцинските права на Македонците во соседните држави

Доколку се направи споредба помеѓу соседите на Македонија во однос на почитувањето на малцинските права на Македонците кај четирите земји-соседи на Македонија, тогаш се констатира дека всушност земјите-членки на Европската Унија се оние што не ги почитуваат, односно ги прекршуваат човековите и малцинските права на своите сограѓани од македонскиот етникум. Имено, Бугарија и Грција одбиваат да ги регистрираат македонските здруженија што сакаат да ги негуваат македонската култура и јазик. Досега, Бугарија поради прекршувањето на човековите права има седумнаесет пресуди од судот во Стразбур. Слична е положбата и во Грција, која и понатаму одбива да ги регистрира македонските здруженија, како што беше примерот со друштвото „Крсте Петков Мисирков“ од Воден, кое беше регистрирано, а потоа неговата регистрација беше повлечена од грчкото министерство за култура, под изговор дека друштвото имало проблеми со грчкото судство. Од друга страна, состојбата во Србија и во Албанија е поинаква. Иако двете држави не се членки на Европската Унија, македонското малцинство ги ужива малцинските права.

Малцинските права на Македонците во Србија

Во Србија постојат 23 малцински заедници, кои се финансирани од буџетот на српската држава. Македонците имаат Национален совет како институција оформена и финансирана од српскиот буџет. Македонците имаат три политички партии што се легални и регистрирани во АПР. Македонското малцинство исто така има над педесет регистрирани здруженија во АПР. Јас живеам во Србија и сум Македонец со српско државјанство – граѓанин на Србија. Покрај сите овие малцински права, имаме и права загарантирани со Уставот, па, така, секаде каде што сме над 15 отсто имаме воведено двојазичност. Покрај овие права, имаме и права што ги црпиме од покраината Војводина. Во Војводина сме еден од официјалните народи што се внесени во војводинскиот устав. И покрај сите овие права што им се дадени на малцинските заедници, Србија нема проблем со сепаратизам и сите се лојални граѓани на Србија – вели Душан Јаневски.

Малцинските права на Македонците во Албанија

Македонското национално малцинство во Република Албанија е признаено од албанската држава, има своја општина во Пустец, како и образовен систем на македонски јазик во областа Мала Преспа. Македонците во Албанија имаат и своја редакција на мајчиниот македонски јазик на албанската државна телевизија. Повеќе македонски здруженија се регистрирани, а меѓу нив и македонското друштво “Илинден”-Тирана“. „Илинден“ е формирано од страна на граѓани со македонско потекло што живеат во Тирана, а неговата цел е заштита на македонското национално малцинство во Република Албанија. Основни задачи на македонското друштво “Илинден”-Тирана“ се: заштита на малцинските права на македонското национално малцинство во Албанија; организирање фолклорни фестивали во Голо Брдо, Мала Преспа и Гора; активности за запознавање и промоција на културните вредности на македонското национално малцинство во Албанија, организирање курсеви по македонски јазик; заштита на мајчиниот македонски јазик, народните носии и обичаи – вели Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана“. Како политички субјект на македонското малцинство во Албанија дејствува партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од Васил Стерјовски, првиот Македонец во историјата на албанското собрание што од парламентарната говорница се обрати до Македонците во Албанија на мајчиниот македонски јазик.Македонците во Албанија имаат и повеќе гласила на македонски јазик. Меѓу нив е и македонскиот весник „Илинден“, кој за првпат излезе од печат во февруари 2011 година, во Тирана. Весникот се дистрибуира во албанските областите каде што претежно живеат Македонци: Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и Врбник, како и во поголемите градови во кои живее македонското население – Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта и Кукс. Македонскиот весник “Илинден“ е гласот на животот, културните и верските обичаи на македонското малцинство во Албанија – вели Никола Ѓурѓај.

Малцинските права на Македонците во Бугарија и во Грција

За разлика од Србија и Албанија, почитувањето на малцинските права на Македонците во Бугарија и во Грција е сосема друга приказна, односно во овие две земји-членки на ЕУ воопшто не се почитуваат ниту признаат правата на Македонците. И покрај многубројните апели на меѓународната заедница, како и многуте пресуди на Меѓународниот суд за правдата во Стразбур, Бугарија се оглушува на сето тоа и одбива да ги признае легитимните права на многубројната македонска заедница во Бугарија. Бугарската држава не ги признава малцинските права, ниту една етничка заедница, вклучувајќи ги и Македонците, Турците, Ромите и сите други, кои немаат право да регистрираат здруженија или организации за политичко дејствување. Партијата на Турците е регистрирана како граѓанска, спротивно од тоа ОМО Илинден – Пирин се залага за заштитата на националните права на Македонците во Бугарија – вели Тони Менкиноски. И претставникот на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков, потврдува дека во Бугарија воопшто не се почитуваат правата на македонското малцинство. Македонците во Бугарија немаат никакви индивидуални малцински права. Нивното постоење се негира. Самоопределбата Македонец се третира како антибугарска и како национално предавство. Македонците се објект на постојан и несанкциониран говор на омраза. Не можат да регистрираат свои организации и по голем број пресуди во Стразбур – вели Стојко Стојков од ОМО “Илинден”-Пирин.

Меѓународната заедница бара принавање на Македонците во Бугарија и во Грција

Редица влијателни меѓународни тела и организации имаат донесено низа важни документи со кои се повикуваат Бугарија и Грција да ги признаат Македонците што живеат таму. Меѓу нив е и Европската слободна алијанса (ЕФА), која усвои декларација во која ја повикува Европската Унија да ги охрабри Бугарија и Грција да ги поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА, Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ги нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик. Со оглед на долгорочните антимакедонски политики на Бугарија и на Грција, од 19 век наваму, Европската слободна алијанса повикува: Бугарија и Грција да најдат решение за македонското прашање и да ја признаат својата одговорност кон македонското малцинство на нивна територија и со тоа да почнат да водат европска политика за малцинствата и да им го дадат на Македонците целокупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата./www.novamakedonija.com.mk / Далибор Станковиќ