Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на Друштвото, Незир Меча му ја врачија почесната награда “Илинден” на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски
Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на Ддруштвото, Незир Меча остварија средба со македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски и со тимот на Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Во таа пригода, на амбасадорот му беше врачена почесната награда ”Илинден”. Од своја страна, амбасадорот Марковски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на македонско национално малциство во Албанија. Г-дин Ѓурѓај искажа благодарност за односот и ангажирањето на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски во правец на подобрување на состојбата на Македонците во Албанија. Поради тоа, со посебно задоволство г-дин Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден”. Никола Ѓургај изрази надеж дека досегашната успешна соработка и позитивни релации ќе продолжат и во иднина со македонската Амбасада во Тирана. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу македонското друштво “Илинден”-Тирана и македонската Амбасада во Тирана, Република Албанија. Наградата “Илинден” е воведена по повод јубилејот 10 години постоење на Друштвото. Таа се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.