Ознака: <span>Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај</span>

Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред единаесет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие единаесет години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонско друштво “Илинден“-Тирана да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации но за жал во 21 век само во Преспа имаат право на овразование на мајчин македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина седум години од териториалната поделба и нема просперитет за регионите Голо Брдо и Гора

После седум години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За еден извод се патува два часа, а снабдувањето со храна и лекови и натаму тешко се остварува. Во 2014 година Владата бројот на општините од 385 го намали на 61, иако опозицијата тогаш бараше нивниот број да изнесува најмалку 80! Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа. И покрај барањата на Македонската заедница во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора! Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на македонските општини го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Владата да предложат изменување и дополнување на Законот за општините со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на општи непосредни и тајни избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми.