Ознака: <span>Македонско друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава целосна подршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ

Македонско друштво “Илинден”- Тирана дава целосна подршка за Резолуцијата за македонските црвени линии предложена од ВМРО-ДПМНЕ со кој се штити идентитетот. Резолуцијата е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси. Македонско друштво “Илинден”- Тирана ги повикува сите политички партии во татковината Македонија сите македонски организаци во светот ги повикува да ја подржат ова Резолуција. Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори.

Шестгодишно членство на Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, на 16.05.2015 пред шест години, беше примено во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Особена заслуга за членство во ФЕУН има Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонското друштво „Илинден“-Тирана да плати годишната чланарина и да е рамноправен член во ФУЕН, за што изразуваме благодарност. Имено, Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во конгресот на ФУЕН што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, во Грција, во организија на Федерацијата на Западно – Тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија  Малцинства и Партијата за пријателство, еднаквост, мир.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие шест години на сите конгреси на ФЕУН. Така, бевме присутни и активно партиципиравме во работата на конгрсот во Вроцлав, Полска на 21 мај 2016, потоа во Клуж – Напоча, Романија на 20 мај 2017 година, како и на следниот Леуварден, Холандија, на 23 јуни 2018 година и на последниот конгрес одржан на 15 јуни 2019 година во Братислава, Словачка и за 2020 година поради пандемијата со COVID-19, собранието беше организирано и реализирано на интернет.

На сите конгреси Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите меѓународни институции кои се поврзани со малциствките проблеми, како и во државните инситуци на Албанија. Колку и дали овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Албанија ќе биде следниот чекор кој ќе го преземеме на следниот конгрес на ФЕУН.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа, активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво „Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до сите членки на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското малцинство во Албанија. Истовремено испраќаме искрени честитки до членовите, соработниците и симпатизерите на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за шестгодишно членство во највисоката малцинска организација во Европа, со желба и натаму јасно и опстојно да работат на интересот и барањата на Македонците во Албанија. Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во светот.

 

Со почит,

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонското друштво „Илинден“- Тирана

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повика Македонците во округот Корча масовно да излезат на гласање и да го подржат Васил Стерјовски (ВИДЕО)

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Мала Преспа, Корча, Поградец, Девол и целиот регион на Корча, да излезат масовно и да гласаат за Васил Стерјовски број 12 и СП број 12 на парламентарните избори на 25 април 2021

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, oдлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е погрешна одлука

Одлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин за период од две недели на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е избрзана и погрешна одлука, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени. Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, искористувајќи ја близина на границата со Македонија своите животи ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија. За овие жители, приходот обезбеден со сезонска работа во Македонија за неколку месеци, е единствен приход за нивните семејства. Техничкиот комитет на експерти треба што побрзо ова недела да ја ревидира ова одлука, бидејќи бројот на заразени лица во Македонија се намалува и не ја оправдува одлуката.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поддржува кандидатот за пратеник Васил Стерјовски

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поддржува кандидатурата на Васил Стерјовски и партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори што ќе се одржат на 25 април 2021 година во Република Албанија. Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција со Социјалистичката партија на Албанија (СП). Според договорот за коалиција меѓу МАЕИ и СП, кандидат за пратеник во списокот на СП во регионот Корча е Васил Стерјовски. Македонското друштво „Илинден“ смета дека за доброто на сите Македонци во Албанија треба да го продолжат своето присуство во албанскиот Парламент со свој достоен и достоинствен претставник, како што е м-р Васил Стерјовски. Коалицијата МАЕИ и СП ќе овозможи интеграција на Македонците во владините институции, засилен и брз економски развој на областите каде што живеат Македонци во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник и цела Албанија, како и заштита на македонските јазик, култура и обичаи. Со досегашното присуство во албанскиот Парламент, м-р Васил Стерјовски покажа и докажа дека малцинските права најдобро може да ги одбрани човек кој потекнува од средината на тоа малцинство. Со досегашното присуство, иако во скратен мандат, Васил Стерјовски покажа дека македонското малцинство има достоен претставник на политичката сцена во Албанија, кој сесрдно се залага за правата и добробитта на македонското национално малцинство во Албанија. Поради тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Мала Преспа, Корча, Поградец, Девол и целиот регион на Корча, да излезат масовно и да гласаат за Васил Стерјовски број 12 и СП број 12 на парламентарните избори со цел да имаат свој достоинствен пратеник во Парламентот на Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонско национално малциство во  Албанија масовно да се попишат на Пописот на државјаните на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, упатува јавен повик до Македонско национално малциство во Република Албанија масовно да се попишат на Пописот на државјаните на татковината Македонија, што се спроведува во периодот од 1 март – 21 април 2021година. Самопопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страници:

https://census.stat.gov.mk/mk/

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7- 8 ми Март

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7- 8 ми Март. – стои во честиткатаа на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо.

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2021

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2021 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“ – Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо пред да почнат врнежите од снег. Бидејќи граничниот премин работи со ограничено време и им создаваше големи проблеми во комуникацијата во областа Голо Брдо.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итна средба на претсавници од Владата на Албанија и на Македонија со цел да се отпочне со преземање мерки спас на Преспанското Езеро

Ваквото барање на Македонско друштво “Илинден”-Тирана не е ништо ново, ниту неостварливо. Напротив. Актуелната состојба со Прспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи Езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Преспанското Езеро, како едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, Езерото на одредени места е повлечено и до 200 метри од брегот. Алармантната состојба со недостатокот на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро. Во време кога и Македонија и Албанија, вложуваат сопствени средства, но земаат и огромни суми од европските институции за заштита на екосистемот, недозволиво е да не вложат во зачувување на флората и фауната во и околу Преспансото Езеро. Секако. Значењето на Езерото е огромно и за Македонците од областа Преспа кои егзостенцијално се поврзани со Преспанското Езеро, Економските импликации по населението кое живее околу Езерото се катастрофални. Страдаа земјоделието, риболовот туризмот. Вака согледувајќи ги последиците од незаинтересираноста на Владите на Македонија и Албанија, итно треба да преземат мерки за санирање на незавидната состојба на Преспанското Езеро. Секако, за еколошката катастрофа на Преспанското Езеро голема вина има и ненавременото реагирање на градоначалниците во општините чии атари се наоѓаат на бреговите на Преспанското Езеро. Членовите на Македонско друштво “Илинден”-Тирана сметаат дека молчењето и нереагирањето на уништувањето на Преспанското Езеро не е намерно и смислено делување на оние кои сакаат Македонците од преспанскиот крај да бидат економски зависни и понижени.