Tag: <span>Комитетот за национални малцинства</span>

Помина повеќе од една година, повеќејазичната табла сe уште не е поставена во Комитетот за национални малцинства

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31.01.2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табела во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година Комитетот за национални малцинства одговори на барањето со бр. 38 дека ќе се земе предвид и помина повеќе од една година, а табелата не е поставена.

Повеќејазични табли беа поставени одамна во институцијата на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги поздрави овие институции кога ги поставија нивните плакети на јазиците на националните малцинства. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла, како што направиа институцијата Комесар за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од албанската влада Комитетот за национални малцинства да прерасне во Агенција

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, бара од албанската влада досегашното тело Комитет за национални малцинства, од консултативно тело на владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија.

Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата. Членуваат претставници на сите признати малцинства во земјата, вклучително, од самото формирање имаме и македонски претставник, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Но, додава, како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што, според него,  резултира со негова  целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата.

Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалог со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Албанија, а неговата работа да биде јавна и присутна на медиумите во државата, посочува тој.

До реализација на ова барање, друштвото од име на Македонците посакува Комитетот за национални малцинства да покаже поголема активност за малцинствата, и сесако за македонско национално малцинство во Република Албанија, а не да биде во сенка, додавајќи дека ова владино тело „треба да ги воздигне малцинствата и да им помага во борба за опстанок во Република Албанија“.