Ознака: <span>Благодарницата ”Илинден”</span>

Д-р Илир Шута од ТВ СОТ 7 добитник на Благодарницата “Илинден“ за 2026 година

На д-р Илир Шута, новинар во телевизијата СОТ 7, Албанија, му беше доделена Благодарницата „Илинден“ за 2026 година, признание што го доделува Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Благодарницата на Шута денеска во Корча, по овластување на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, му ја предаде претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски.

Признанието му е доделено за неговиот ангажман во новинарската професија и придонесот во објавувањето и афирмирањето на вистината за историјата, културата и автентичната македонска традиција на Македонците во Албанија.

Стерјовски упати честитки до д-р Илир Шута за добиеното признание, истакнувајќи ја неговата посветеност во информирањето на јавноста за прашањата поврзани со македонската заедница во Албанија.

„Му честитам на д-р Илир Шута за Благодарницата “Илинден”. Неговата професионална посветеност и интересот за историјата, културата и традицијата на Македонците во Албанија претставуваат значаен придонес за нивната афирмација и за запознавање на пошироката јавност со македонското наследство во Албанија“, истакна Стерјовски.

Благодарницата “Илинден“ се доделува како признание за личности кои со својот ангажман придонесуваат кон афирмацијата и зачувувањето на македонскиот идентитет, култура, јазик, историја и традиција.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на Љупчо Златев, уредник на Лидер

По повод 17-годишнината од формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, лично му ја врачи Благодарницата “Илинден“ за 2026 година на Љупчо Златев, уредник на Лидер, во просториите на Радио Лидер во Скопје, Македонија.

„Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам Благодарницата “Илинден“ за 2026 година на Љупчо Златев, уредник на Лидер од Скопје“, изјави Ѓурѓај.

Благодарницата “Илинден“ ја доделува Македонското друштво “Илинден“-Тирана како признание за особен придонес во афирмацијата и поддршката на Македонското национално малцинство во Република Албанија и на активностите на друштвото.

Во образложението се истакнува дека со својата професионална работа, ангажман и посветеност во информирањето на јавноста за прашањата и предизвиците со кои се соочува Македонското национално малцинство во Република Албанија, Љупчо Златев дал значаен придонес во зачувувањето, промоцијата и унапредувањето на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и традиција.

Од Македонското друштво “Илинден“-Тирана му ја честитаа наградата на Златев, посакувајќи му добро здравје, многу успех и уште поголеми достигнувања во неговата понатамошна професионална и општествена дејност.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности. “Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам на г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) Благодарницата ”Илинден” доделено во 2020 година на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) поради ковид пандемијата се доделуваше во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин ”, рече Ѓургај. Г-дин Лорант Винце, се заблагодари во името на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), г-дин Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена и високо ценета. Благодарницата ”Илинден” се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Благодарница ”Илинден” доделено во 2021 година на работна група на словенски малцинства (АГСМ) поради ковид пандемијата се додели во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин, рече Ѓургај. Г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, се заблагодари во името на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), г-дин Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена. Благодарницата ”Илинден” се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.