Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на свечено отворење на “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022

Општина Тирана официјално ги отвори активностите за “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022,  на специјална церемонија со стотина млади кои ќе бидат дел од настаните на „Тирана европска младинска престолнина 2022“ беше претставена програмата и иновациите, присутни беа градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и евроамбасадорот Луиџи Сорека.

Извршната директорка на Националниот младински конгрес, Дафина Пеци, на отворањето на овој настан истакна дека има бум на апликации од младите за активности во текот на оваа година. „Добивме 1100 апликации од млади луѓе од целата држава.

„Секој од вас има можност да го промени светот. Со оваа порака градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, им се обрати на младите присутни во Палатата на конгресите на свеченото отворање на активностите на Европската младинска престолнина Тирана, присутни беа и делегаци од Македонија, Англија, Италија, Франција, Косово, Црна Гора, Грција.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана учестуваше на свечено отворење на “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 година со Спасе Бога и Торпа Бога.

Во рамките на проектот “Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital – EYC 2022) и титула со која Тирана се здоби за 2022 година, Националниот младински конгрес од Албанија во соработка со градската власт на Тирана ја промовираше веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни идеи и разбирање на европските перспективи и вредности.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана e член на Националниот младински конгрес од Албанија од 2015 година и еден од подносителите на апликацијата „Тирана – европска младинска престолнина за 2022 година„ со што рамноправно се смета за еден до иницијаторите за Тирана да стане домаќин и носител на оваа европска титула.

На официјалната веб-страница „Тирана – европска младинска престолнина – 2022 година„ покрај другите организации-партнери се наоѓа и логото на македонското друштво ”Илинден”-Тирана со кратка информација за друштвото.

Титулата „Европска младинска престолнина“ ( анг. European Youth Capital, или попознат под скратеницата EYC) е проект започнат од 2009 година на предлог-иницијатива од Европскиот младински форум (European Youth Forum) меѓународна невладина организација со седиште во Брисел. Првата титула Европска младинска престолнина (EYC) беше доделена на градот Ротердам од Холандија во 2009 година