News

ФУЕН изгласа резолуција на Македонско друштво “Илинден“Тирана за правата на Македонците во Албанија

Поради финансиски проблеми нема можности членови од Македонското друштво “Илинден”-Тирана да учестуваат на 61-от конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) што се одржи од 18 до 22 мај 2016 година во Вроцлав, Република Полска. Конгресот го организира Здружението на германските социјал – културни друштва во Полска кое е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). На Конгресот беа поканети учесници од 20 земји кои претставуваат повеќе од 30 малцинства во Европа. Иако не испрати свои претставници на Конгресот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана во својство на официјален член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) го искористи правото да достави резолуција до Конгресот. За резолуција се гласаше тајно од сите делегати а со позитивниот исход таа ќе биде доставена од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) до владата на Република Албанија и меѓународните институци. Имаме задоволство да објавиме дека ваква резолуција посветена на правата на македонското национално малциство за прв пат е усвоена на меѓународен форум. Сакајќи да ја запознаеме јавноста со текстот на резолуцијата, во продолжение го даваме во целост. Резолуција од Македонското друштво “Илинден”- Тирана до учесниците на 61-от конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)
Резолуција
1. Република Албанија да ја потпиши и ратификува повелбата на Советот на Европа “за регионални и малцински јазици” дејствија кои албанската држава на нејасен начин и неодговорно ги одложува со години.
2. Прзнавање на Македонското национално малциство во цела територија на Република Албнија.
3. Овозможување на припадниците на македонското национално малцинство во Голо Брдо и Гора да ги уживаат сите права што им припаѓаат на другите малцинствата, следствено и на македонското во Мала Преспа.
4. Учење на мајчин македонски јазик во државните училишта во областа Голо Брдо и Гора, како и во цела тертиорија на Република Албанија секаде каде што има значен број на жители од македонско национално малциство.
5. Преиспитување на административна поделба спроведена 2015 година која македонското малцинство во Република Албанија ја смета за чекор назад во почитување на правата на македонското малцинство во Голо Брдо и Гора. Ова од причина што Владата на Република Албанија пред да почне административна поделба убедуваше дека општините каде што живеат малциствата нема да бришат. Но, како многупати дотогаш, реалноста стана поинаква. Областите Голо Брдо и Гора, кои во административна поделба во 1913 година беа третирани како одделни административни единици беше избришана. Затоа пак административна поделба спроведена 2015 година за овие области не исполни ниту еден критериум од критериумите што ги беше поставила Владата сама како што се демографски, географски, економски и културни. Згаснувањето на општините во Голо Брдо и Гора го отежнува животот на жителите од македонското национално малциство на областа Голо Брдо и Гора кои сега само за да добијат еден обичен документ треба да патуваат 2 часа до новото општинско седиште. Македонското малцинство во Република Албанија бара во Голо Брдо и Гора повторно да бидат територијално обележени со по една општина и тоа: Општина Голо Брдо и Општина Гора.
6. Обезбедување на финансиска поддршка од Министерството за култура на Албанија за кутурни и од Министерството за образование и спорт за задоволување на образовните потреби на македонското национално малциство во Република Албнија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и понатаму ќе се бори преку меѓународните институции за правата на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

 

 

www.ilinden-tirana.com


Честит 24 мај, Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.


Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë ju uron Gëzuar 24 majin ditën e Shën. Kril dhe Metodi themeluesit e parë të alfabetit slloven – Gllagolica.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана за жал нема да учестува на 61 конгрес на (ФУЕН)

Македонско друштво “Илинден”-Тирана за жал нема да учестува на 61 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) што ќе се одржи од 18 до 22 мај 2016 година во Вроцлав / Breslau, Полска. Конгресот се организира од Здружение на германски социјал-културни друштва во Полска (Verband der deutschen Sozial-Kulturellen Gesellschaften in Polen) VDG членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ке има гости од 20 земји што претставува повеќе од 30 малцинства во Европа.





 

The Macedonian Association “Ilinden”-Tirana unfortunately will not participate at 61. Congress of the Federal Union of European Nationalities (FUEN), which is held from 18 to 22 May 2016 in Wroclaw / Breslau, Poland. The congress is organized in cooperation with the member organizations of FUEN and with the Association of German social – cultural societies in Poland (Verband der deutschen Sozial-Kulturellen Gesellschaften in Polen). VDG will have guests from 20 countries representing more than 30 minorities in Europe.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана подари икона на Св.Богородица која ќе се постави во Тирана

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со православниот свештеник Илија Мазнику поп чие потекло е од село Врница, Голо Брдо. При тоа Ѓурѓај на попот Илија Мазнку му подари икона на Св. Богородица која ќе се постави во црквата Св. Прокопиј во Тирана. Инаку иконата е подарок за православните верници во Албанија од фирмата Нипром од Струмица, Република Македонија.


 

 

www.ilinden.tirana.com

Соопштение: Естела Ѓурѓај секретар на Македонско друштво “Илинден“-Тирана до редовните избори

 

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај ја прифати поднесената оставка од страна на Ерлин Мазнику на функцијата секретар на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Со цел да се поолни испразнетото место свика состанок на Управниот одбор. При тоа пред Управниот одбор ја образложи настанатата ситуација а членовите на одборот ја констатираа оставката поднесена од Ерлин Мазнику. После дискусијата Управниот одбор донесе одлука Естела Ѓурѓај ја врши функцијата секретар на Македонско друштво “Илинден“-Тирана се до редовните избори кои треба да се одржат 2017 година. Ерлин Мазнику е роден во Тирана во семејство со потекло од Голо Брдо. За Генерален кординатор на Друштвото беше назначен на 11 декември 2009 година додека во 09.02.2013 година беше избран за секретар на Друштвото. Македонското друштво “Илинден“-Тирана искрено му се заблагодарува на Ерлин Мазнику за придонесот како координатор и секретар во Друштвото. Мазнику и натаму ќе продолжи да ги поддржува активностите на Друштвото. Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува успех на г-дин Ерлин Мазнику во идните ангажмани. Естела Ѓурѓај е родена во Тирана во семејство со потекло од Голо Брдо. Основното и гимназиското образование има завршено во Тирана а дипломира на Факултетот за странски јазик во Тирана Република Албанија. Во 2012 година е добитник на степендија од Македонија за последипломски студии на Институтот за национална историја во Скопје, Македонија. Од 2009 година е член и основач на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и дописник на Македонски весник “Илинден”. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата школа за Млади лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов каде го преставуваше македонското национало малцинство од Албанија. Веруваме дека со својот ангажманот Естела Ѓурѓај ќе придонесе за поголема активност на Друштвото.


www.ilinden-tirana.com

Македонците во областа Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште – Требиште биде трета категорија

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ја изразуваат својата загриженост и посочуваат дека се згрозени од положбата на Македонците во областа Голо Брдо. Поради тоа отворено ја повикуваат Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата во оваа обласат. Ваквото барање на жителите на македонското национално малциство во областа Голо Брдо неколкупати било актуелизирано но по него ништо не се презема. Македонците од бласта Голо Брдо барат од Министерството за внатрешни работи на Албанија и Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште -Требиште Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година од локален премин од трета категорија да премини на регионален премин од втора категорија. Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно ќе се овозможи на поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 

Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо

Претседател Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

Во Охрид се промовира книгата “The Macedonian Language Origin of Language Root of Words”

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај и неколку члена на друштвото учестува на 04.05.2016 година  во Охрид на промоција на книгата на Светлана Симоновска  нејзината книга која е воедно и прва книга од таков вид. Книгата е насловена “The Macedonian Language Origin of Language Root of Words” или во превод “Македонски Јазик Потекло на Јазикот, Корен на Зборовите”. Истата е испечатена на англиски јазик и доколку биде добро прифатена од пошироката читателска публика, во иднина ќе се појави и во македонско издание. Оваа книгакакошто веќе е наведено е прва во историјата од свој вид што значи исклучително оргинална и во неа можат да се сретнат досега необјавени податоци за македонскиот јазик писменост и целокупната македонска цивилизација како таква. За првпат авторката прави напор да објасни-со посредство пред се на македонскиот јазик многу зборови кои ги знаеме дека влечат корења од Којне латинскиот или еврејскиот јазик. Како за илустрација ќе ги посочиме следните зборови од областа на кулинарството за кои може да се прочита: Баклава, Туршија, Раванија, Шеќерпаре или Мусака. Тоашто ние го знаеме зборот самар дека поаѓа од албанскиот јазик авторката тврди дека е македонски збор кој доаѓа од зборот слама. Со други зборови главните состојки на самарот се сламата, дрворото и јажињата/ортоми. Од зборот самар пак се произлезени следните топоними, Самара (Русија) Самара (Ирак) Самарканд (Бактрија) Самарија (Палестина) и др. Интересно е да се спомене како и зошто англиските зборови austerity и oyster се пресликуваат во имињата на голобрдските села Големо Острени и Мало Острени. Или да ја споменеме врската помеѓу голобрдското село Стеблево и странскиот збор стабилност. Според книгата, имењаци на македонската област Голобрдо се топонимите Lombardy во Италија, Bordeaux во Франција, Bardejov во Словачка, Brdy во Чешка, Бардовци во Македонија итн. Не треба ниту да се заборави на занимливото образложение дадено во книгата за селото Требиште и името на библиското дрво Terebinth. Топло ја препорачуваме да се прочита оваа книга, од која многу може да се дознае и научи.

 


www.ilinden-tirana.com

Еордијата во Струга, Македонија симбол на единството и мирот

Светлата Седмица на радоста и светлината од Христовото Воскресение, Седмица која е предобраз на невечерниот ден на Царството Божјо оваа година по Божја промисла заврши со едно големо несекојдневно духовно торжество со свечената Еордија во Струга посветена на Светиот Великомаченик Георгиј, великиот сведок на Воскресението Христово. Возобновена пред седум години со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тимотеј а по заедничка иницијатива и заложби на јерејот Васко Голабовски и на нашиот Старец Архимандрит Партениј, како и во содејство со богољубивото свештенството при храмот на Св.Георгиј во Струга, еордијата денес прерасна во една огромна духовна и културна манифестација онаква каква што несомнено ѝ доликува на древната и преубава Струга. Годинава, нејзиниот блесок беше, можеби, најсјаен. Најпрвин тој благодатен блесок засветли на празничната ктиторска вечерна богослужба со која началствуваше нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф и бројното свештенство од нашата епархија. Литијата, пак што започна веднаш после вечерната беше навистина одраз на триумфот на светлината мирот и љубовта. И се беше во духот на тој триумф па дури и првиот редар и најавувач на литијата, кој беше облечен во римска воена облека, онаква како од времето на Св. Георгиј кој и самиот бил воен трибун во римската војска. Звуците на оркестарот од град Скопје и гласовите на псалтите ја надополнуваа таа сеопшта симфонија на радоста, која низ главните струшки улици беше пречекувана со цвеќиња, насмевки и развеани знаменца од страна на најмладите стружанчиња облечени во народни носии. И секако, главниот украс на молитвената поворка и овој пат беа чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј донесени од неговиот манастир во Рајчица. Положени во цветниот и раскошен епитаф, и опкружени од верна гарда од славниот мијачки крај, тие го излеаја својот благослов врз целата Струга. Годинава пак со посебен благослов да го носат епитафот со моштите беа удостоени четворицата стружани: Стефчо Рафтоски, Перо Русески, Христијан Ковачески и Мики Кукунешоски. Недогледната река народ што ги следеше благоуханите мошти и чудотворната икона на Победоносецот сведочеше за неговата небесна слава и молитвена сила, зашто тој има посебна слобода пред Бога да измоли благослов за сите оние што со љубов го слават неговиот сечесен спомен. Свој придонес за благолепието на денешната поворка на единството, мирот и сплотеноста дадоа и нашите пријатели и соработници: Општина Струга, ОУ “Ј. Б. Тито“, СУ “Нико Нестор“ и “Ибрахим Темо“, оркестар “Град Скопје“, КУД “Илинден“ од Струга и КУД “Илинден“ од Битола.

 

 

 

 

 

 


www.ilinden.tirana.com

Министерот за транспорт и врски на Република Македонија во посета на Мала Преспа

Министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Владо Мисајловски на 06.05.2016 година беше во посета на општина Пустец, Мала Преспа Мисајловски за врме на посетата имаше средба со градоначалникот Едмонд Темелко, со претставници на локалната власт како и со Македонците од Мала Преспа.


 

 

www.ilinden-tirana.com

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на конференција во Тирана

Од 2013 година постапката за издавање одобрение за градење за сите видови градби во Република Македонија се спроведува на електронски начин преку Информациски систем е­одобрение за градење а од  2013 година преку истиот систем на електронски начин се спроведуваат и сите останати постапки за добивање одобренија во делот на градежништвото. Ова го порача министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во своето обраќање на Меѓународната конференција „Е­дозволи за конкурентен регион“ што се одржува во Тирана каде ги презентираше реформите што ги спроведе земјава во делот на електронско издавање градежни дозволи. ­Главната цел на овој информациски систем е овозможување брзо и ефикасно поднесување на барањето за добивање одобрение за градење како и другите барања предвидени со Законот за градење без при тоа да се доаѓа во институциите увид во секоја фаза од постапката целосна информираност на барателот увид во роковите за постапување како и намалување на трошоците на постапката истакна Мисајловски. Со воведувањето на оваа реформа додаде Република Македонија е рангирана на 10. место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија во последниот Извештај на Дуинг Бизнис на ранг листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање одобрение за градење. Во својот говор потенцира дека со размената на податоци што се спроведува во електронска форма преку овој систем се редуцираа бројни административни процедури кои претходно се спроведуваа со што како што нагласи се придонесе за значително скратување на роковите за издавање одобрение за градење. Меѓународната конференцијата во Тирана е втора од овој вид и се организира со цел да се презентираат предностите на електронското издавање градежни дозволи. Покрај министерот Мисајловски на конференцијата присуствуваат и министрите за транспорт, инфраструктура и просторно планирање на Република Албанија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.


 

www.ilinden-tirana.com