Македонско друштво ”Илинден”-Тирана подари икона на Св.Богородица која ќе се постави во Тирана
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со православниот свештеник Илија Мазнику поп чие потекло е од село Врница, Голо Брдо. При тоа Ѓурѓај на попот Илија Мазнку му подари икона на Св. Богородица која ќе се постави во црквата Св. Прокопиј во Тирана. Инаку иконата е подарок за православните верници во Албанија од фирмата Нипром од Струмица, Република Македонија.
www.ilinden.tirana.com